Балабан (, Трахони; до 1927 г. Μπαλαμπάν) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Бук во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Сè до 1923 г. било населено со Македонци муслимани.

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Драмски Чеч, во југозападните падини на Родопите, североисточно од градот Драма, над десната страна на истоимената река, на надморска височина од 760 м.

Историја

Потекло и значење на името Според Јордан Н. Иванов, името на селото е изведено од дијалектниот прекар балабан („крупен човек“), кој произлегува од турскиот јазик.

Во Отоманското Царство Во XIX век Балабан било македонско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак. По податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Балабанъ имало 650 Македонци муслимани кои живееле во 90 куќи. Според Љубомир Милетиќ, до 1912 г. селото припаѓало на Довленската Каза, а неговото население се состоело целосно од Помаци.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 527 жители, кои во 1920 г. се свеле на 434 лица.

Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се доведени 47 бегалски семејства (вкупно 219 бегалци) од Црноморието и од Кападокија. Во 1927 г. селото е преименувано во Трахони (Τραχώνι). Во 1928 г. бројот на грчки семејства во Балабан изнесувал 47, или вкупно 196 луѓе. Тука подоцна се доселиле и други бегалски семејства од попасивните планински села, така што во 1940 г. селото броело 508 жители.

За време на Втората светска војна, во 1940 г. жителите биле евакуирани во полското село Бук, иако се вратиле наредната 1941 г. Мештаните на Балабан зеле активно учество во отпорот против бугарската окупација, поради што на 11 август 1944 година, бугарската војска одмазднички убила околу 30 жители на селото, повеќето лица кои привремено се вратиле на земјоделска работа. На местото на злосторот подоцна бил подигнат споменик со имињата на жртвите.

Селото наполно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949) и никогаш не било обновено. Атарот бил припоен кон оној на с. Белен.

Население

Наводи

Категорија:Историски села во Бук Категорија:Чеч