Боево или Боева (познато и како Бојува; , Кастаното; до 1926 г. Μποέβα) — поранешно село во Скечанско, Западна Тракија, на територијата на денешната општина Скеча во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија Селото се наоѓало северозападно од Скеча и Саришабан, југоисточно од селото Бук, во подножјето на планината Урвил, на надморска височина од 480 м. Во близина се наоѓа поголемото село Бајрамли.

Историја

Во XIX век Боево било турско село во Саришабанската Каза на Драмскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Бојува имало 160 Турци кои живееле во 120 куќи. Во тоа време, Боево, заедно со уште три околни села, било управувано директно од кајмакамот во Саришабан.

Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 304 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 315 лица.

Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место се населиле помал број бегалски семејства (вкупно 141 бегалец). Во 1926 г. селото е преименувано во Кастаното (Καστανωτό).

Во 1941 г. селото е окупирано од бугарски единици, кои во него завеле 198 жители.

По 1960-тите години селото е наполно раселено, а неговите жители се иселиле во други околни села или во поголемите градови, така што во подоцнежните пописи Боево е регистрирано како напуштена населба.

Население

Наводи

Забелешки

Категорија:Историски села во Скеча