Бошинос ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Αρμπατζίκ -- Καλαμώνας — село во Општина Доксат во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 16 километри источно од градот Драма и на 11 километри јужно од Доксат, на надморска височина од 39 метри.

Историја

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 150 РомиКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година селото е евидентирано како напуштена населба.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција.

Во 1927 година, селото било преименувано во Каламонас.

Демографија

Во 1928 година во селото биле сместени 68 грчки семејства со 257 лица. Во 1928 година, бројот на населението бил 257 лица, додека во 1940 година селото броело 756 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 906 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1039 жители, во 1971 година имало 818 жители, во 1981 година имало 874 жители, додека во 1991 година имало 831 жител. Денеска, населението на селото е 597 жители според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Доксат