Калово (, Калива; до 1926 г. Κάλοβο) — село во Скечанско, Западна Тракија, денес во општината Скеча на истоимениот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 3 жители (2021). Сè до 1923 г. било населено со Македонци муслимани.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Драмски Чеч, северозападно од Крстополе, под врвовите Китик (1.263,8 м) и Кавалаџик (1.297,5 м) во Западните Родопи, на надморска височина од 800 м. Поделено е на две маала: Горно и Долно Калово, сместени во долината на Каловска Река.
Непосредно до селото се наоѓала сега напуштената населба Каловаџик.
Историја
Антика На ридот Кале, на 4 км југоисточно од селото, се наоѓаат остатоците на древномакедонска тврдина, подигната во времето Филип II Македонски околу 340 година п.н.е., на местото на постара тракиска населба од раното железно време (IX-VIII век п.н.е.).
Во Отоманското Царство Во подробен регистар на санџакот Паша од 1569-70 г. даночно обврзаното население на Калово се наведува вака: муслимани - 38 семејства и 27 неженети, како и 3 јуручки семејства.
Во XIX век Калово било македонско-муслиманско село во Драмската Каза на Драмскиот Санџак. Тодор Симовски погрешно го смета македонското население за турско. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Калово имало 194 Македонци муслимани кои живееле во 40 куќи.
Во Грција Во Првата балканска војна во 1912 г. селото е окупирано од бугарска војска. По Втората балканска војна во 1913 г. истото е припоено кон Грција. Таа година селото броело 196 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 172 лица.
Во 1923 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 34 бегалски семејства (вкупно 123 бегалци) од Понд, Тракија и Мала Азија, така што селото станало чиста бегалска населба. Во 1926 г. селото е преименувано во Калива (Καλύβα).
Население
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта
Каловска тврдина — древномакедонско утврдување крај селото.
Наводи
Забелешки
Категорија:Скеча (општина) Категорија:Чеч