Караџа или Евангелисмос () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаKallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Неа Аполонија била дел од општина Егнатија.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 45 километри западно од Ставрос и 41 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на источниот брег од Лагадинско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 146 метри.
Евангелисмос опфаќа површина од 21 квадратни километри.
Историја
Во XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.
Во 1928 година селото било преименувано во Евангелисмос. Денес, населението на селото главно се занимава со производство на памук, пченица и овошје.
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 73 жители бегалци и со население од 270 луѓеΜιχαήλ Σταματελάτος - Φωτεινή Βάμβα-Σταματελάτου, Επίτομο Γεωγραφικό Λεξικό της Ελλάδος, Ερμής 2001, σελ. 118, додека во 1940 година селото броело 449 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 617 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 607 жители, во 1971 година имало 518 жители, во 1981 година имало 419 жители, додека во 1991 година имало 478 жители а во 2001 имало 1860 жители. Денеска, населението на селото е 1851 жител според пописот од 2011 година. Денеска, населението на селото е 474 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик
Категорија:Бешик