Козлуќој (, ПлатанијаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον) — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 38 километри источно од градот Драма и на 17 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 340 метри.
Историја Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 900 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 199..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Во 1927 година, селото било преименувано во Платанија.
+ Места во заедницата Козлуќој преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г. Име Име Ново име Ново име Опис Љапеви Чаири Τσαΐρια Λιάπη Ливадија Љапи Λιβάδια Λιάπη врв на Урвил на ЈИ од Козлуќој и на З над Љапеви Колиби (953,9 м) Беј Μπέη Трија Пигадија Τρία Πηγάδια Периџе Тепе Περιτζέ Τεπέ Кокино Κόκκινοврв на Урвил на ЈИ од Козлуќој (1.027 м) Пиренклик Πυρενκλίκ Принорема Πρινόρρεμαрека на С од Козлуќој, лева притока на Дермен Дере Пиренклик Πυρενκλίκ Принокорифи Πρινοκορυφήвозвишение на Боздаг на С од Козлуќој (407 м) Стар Либотен Λιμποτέν Ерепија П. Маврокордату Ερείπια Π. Μαυροκορδάτου поранешно село на Боздаг, на СИ над Либотен Дермен Дере Ντερμέν Ντερέ Милорема Μυλόρρεμαрека на Боздаг на С од Козлуќој на којашто е Либотен Либотуш Λιμποτοΰς Тригонометрикон 762Τριγωνομετρικόν 762 врв на Боздаг на СЗ од Козлуќој (759,5 м)
Население
До 1928 година во селото биле населени 945 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 945 жители, додека во 1940 година селото броело 1229 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1108 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 923 жители, во 1971 година имало 530 жители, во 1981 година имало 393 жители, додека во 1991 година имало 498 жители. Денеска, населението на селото е 216 жители според пописот од 2021 година.
Наводи
Категорија:Бук