Нусретли ()Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Καραγκιόζ Κιόι -- Περίβλεπτον — село во Општина Бук во Драмски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 27 километри јужно од градот Драма и на 27 километри југозападно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 250 метри.

Селото опфаќа површина од , додека целата општинска единица опфаќа . По реформите на локалната власт во 2011 година, Нусретли е општинска единица на општината Бук.

На еден километар по селото во насока кон Бук се наоѓа стариот аквадукт Хасанов мост.

Историја Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската Каза, во составот на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 90 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198..

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Маврокордатос.

Демографија

До 1928 година во селото биле населени 828 бегалци од Турција. Во 1928 година селото броело 1035 жители, додека во 1940 година селото броело 1213 жители, во 1951 - 949 жители. Селото во пописот од 1961 година броело 1002 жители, во 1971 година имало 698 жители, во 1981 година имало 508 жители, додека во 1991 година имало 451 жител. Денеска, населението на селото е 296 жители според пописот од 2011 година.

+ Места во заедницата Нусретли преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 година Име Име Ново име Ново име Опис КанатларПо топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“ Κανατλάρ Фтеротон Φτερωτόν месност на Јарум Каја на ЈИ од Нусретли Боџаќој Μποτζάκιοϊ Фундукидис Φουντουκίδης месност на Јарум Каја на ЈИ од Нусретли Ата Тепе Άτά Τεπέ Псили Корифи Ψηλή Κορυφή возвишение на Јарум Каја на И од Нусретли (405,8 m)

Култура

Турската народна песна Драмски мост „Drama Köprüsü“ е посветена на Нусретли. Самиот мост се наоѓа во близина на селото.

Во ова село е роден Ибрахим-паша.

Наводи

Категорија:Бук