Равња или Равна () — село во Општина Драма во Драмскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 3 километри источно од градот Драма, на надморска височина од 773 метри.

Историја Потекло на името Според Јордан Н. Иванов името на селото е изведено од денес исчезнатата именка *равь, со значење рамнина. Од ова е образувана денешната придавка рамен ('равен на тоа нарачје), потекната од старословенското равьнь''.Иванов, Йордан. „Местните имена между Долна Струма и Долна Места“. София, БАН, 1982, стр. 91.

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската Каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 550 жители ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198..

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 994 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 722 луѓе.

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Макриплаги.

Демографија

Во 1928 година во селото биле населени 50 грчки бегалски семејства со вкупно 193 луѓе. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 193 лица, додека во 1940 година селото броело 445 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 212 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 297 жители, во 1971 година имало 142 жители, во 1981 година имало 72, жители, додека во 1991 година имало 70 жители. Денеска, населението на селото е 40 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Категорија:Драма (општина)