мини|десно|250п|Влезот на црквата „Св. Петка“. мини|десно|250п|Црквата „Св. Атанасиј“. В’дришта (, Палеос Милотопос; до 1927 г. Βούδριστα, ВудристаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βούδριστα -- Μυλότοπος), на турски: Сари Кади — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 644 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучво со Македонци, кои денес имаат двотретинско мнозинство.
Географија Селото е сместено во Солунското Поле, 8 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар) и 3 км југозападно од Ново В’дришта, меѓу него и Карајотица.
Историја Во Отоманското Царство Селото се спомнува во Слепченскиот поменик од XVII - XVIII век како Вадришта.
Во В’дришта се наоѓа една од најстарите преостанати цркви во областа — храмот „Св. Петка“ од 1756 г., која била епископско седиште. До селото е и црквата „Св. Атанасиј“, изградена околу 1800 г. и горела во 1842 и 1933 г.Црквите на В’дришта на порталот на поранешната Општина Кир В’дришта на порталот на поранешната Општина Кир Во неа е пронајдено евангелие од 1659 г. кое денес е сместено во Националниот историски музеј во Софија.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. В’дришта (Сари Кади) броело 800 жители Македонци.
Во 1903 г. целото христијанско население потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија, а во селото уште поодамна работела бугарската пропаганда преку училиштето. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во В’дрица (Voudritza) имало 560 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Вадришта било македонско со 25 куќи.
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Дел од селаните биле подложени на мачења. Кметот на Крсте бил убиен. Убиен бил и поранешниот член на ВМРО, П. Атанасов. Подоцна, неговиот предавник Божил Филов е линчуван од селаните. Селото е ограбено од војската, која ги заплашувала селаните дека ќе ги убие ако не станат Грци. Истеран е учителот Ефтим Улумчиев и селото било принудено да се стави под врховенството на Цариградската патријаршија (грчката црква).Дебърски глас, година 2, брой 25, 9 октомври 1910, стр. 4.
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 80 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 410 жители, а во 1920 г. се накачило на 610 лица. Во 1924 г. грчките власти истерале 337 жители, а на нивно место довеле 700 грчки колонисти од Понд, за кои се изградени нови домови. Во 1927 г. е преименувано во Милотопос. Новоизградената населба малку подоцна се одвоила како посебно село, наречено Ново В’дришта (Неос Милотопос). Во 1940 г. селото повторно е преименувано, овојпат во Палеос Милотопос (Старо В’дришта) за да се разликува од новото. Интересно е тоа што Ново В’дришта исто така има доста македонски жители, кои државата ги довела од планинските села за полесна контрола и асимилација.
Како одделна населба, В’дришта (Старо В’дришта) во 1940 г. броело 529 жители, од кои 60 % биле Македонци. Според статистиката на НОФ, во 1947 г. селото имало 610 жители, од кои 400 биле Македонци, 150 биле грчки дојденци, а 60 биле Власи, доселени по извршените мелиорации. По Граѓанската војна, селото продолжило да расте, а македонското население надминало двотретинско мнозинство. Во 2000-тите е забележан извесен пад на населението.
Население
Стопанство В’дришта важи за прилично богато село поради плодното земјиште и доброто наводнување на почвата. Главни производи се овошјето, памукот и житото, а застапено е и краварството.
Културни и природни знаменитости Цркви „Св. Петка“ од 1756 г. „Св. Атанасиј“ од о. 1800 г.
Поврзано Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол