К’шлар или К’салар (, Ахладохори; до 1926 г. Κιοσαλάρ, Ќосалар или Κισσαλάρ; КисаларΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Κιοσαλάρ -- Μανδαραί, до 1955 г. Μανδαραί, МандареΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μανδαραί -- Αχλαδοχώριον) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 337 жители (2021).

Географија Селото е сместено во Солунското Поле, во подножјето на планината Пајак. Се наоѓа на 13 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Во Отоманското Царство На почетокот на XX век К’шлар е забележано како етнички мешано село во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. К’шларъ (К’салар) броел 450 Турци и 60 Македонци.

Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Касаларе било турско со 30 куќи.

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 100 турски и 9 македонски куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 511 жители, а во 1920 г. имало 526 лица. Турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а малубројните Македонци се прибрале по околните македонски села. На нивно место властите довеле грчки колонисти од галиполските села Вајро (Баирќој) и Пергаз (Дегирмендузу).К’шлар на порталот на поранешната Општина Кир На пописот од 1928 г. селото се води како чисто дојденско, со 596 жители од 136 семејства.

Во 1940 г. селото достигнало 655 жители. По еден повраток, бројноста подоцна опаднала.

Население

Стопанство Селото е полупланинско и релативно пасивно. Главни производи се житото, тутунот, сусамот, детелината и др. Делумно е застапено и сточарството.

Поврзано Пајак (планина) Солунско Поле

Наводи

Категорија:Постол