Карајотица или Кариотица (, Кариотиса) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.605 жители (2021). Сè до 1924 г. било сочинето од македонско мнозинство и ромско малцинство.
Географија Селото е сместено во Солунското Поле, 5 км североисточно од Кадиново и 7 км западно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Ова е местоположбата на новото село (Нова Карајотица); изворната Карајотица (подоцна Стара Карајотица) — на 5 км од сегашното место, на брегот на денес пресушеното Ениџевардарско Езеро. Стара Карајотица денес се смета за дел од селото Карајотица.
Историја Во Отоманското Царство Во 1527-1532 г. Карајотиса е забележана како вакуф на потомци на Евренос-бег во Ениџевардарската Каза, и броела 111 даночни домаќинства и 13 неженети.Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 130-131.
На почетокот на XX век Карајотица била етнички мешано село во Ениџевардарската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Карајотица (Врастија) броела 120 Македонци и 30 Роми.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Карајотица (Karayotitza) имало 176 Македонци Цариградската патријаршија (грчката црква).Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103. Во селото работела црквата „Св. Лука“ или „Св. Богородица“, која денес е вон самото селоБабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009 г., стр.493..
На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
Во првите години на XX век во селото работеле двете пропаганди меѓу македонското население — Карајотица имала грчки и бугарски цркви и училишта. Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г напишал за селото:
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 25 куќи на Македонци христијани и 15 куќи на Роми муслимани.
Во Грција { "type": "FeatureCollection", "features": [
"type": "Feature", "properties": {}, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 22.313189506530765, 40.76897176836408 ]
},
"type": "Feature", "properties": {}, "geometry": { "type": "Point", "coordinates": [ 22.3247766494751, 40.744981048637285 ]
] } По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 297 жители, а во 1920 г. имало 293 лица. Во 1924 г. ромското население како муслиманско е иселено во Турција согласно Лозанскиот договор, а 71 Македонец е протеран во Бугарија. На местото на иселените грчките власти довеле грчки колонисти од с. Неохори во Деркос, Источна Тракија.Кариотица на порталот на поранешната општина Александар Велики
За дојденците во 1924 г. е подигната нова населба, неколку километри од старата. Оваа населба го презела името Карајотица (позната и како Нова Карајотица) како главна населба, и почнувајќи од овој период двете населби престанале да се бројат одделно. Во 1928 г. селото имало 823 лица дојдени од 244 семејства, иако Тодор Симовски дава 1.009 лица, веројатно приклучувајќи ги изоставените преостанати Македонци. Селото заживеало по пресушувањето на Ениџевардарското Езеро во средината 1930-тите.
Во 1940 г. Карајотица (како споена целина) броела 1.531 жител. Иако сметана за едно со новата, според податоци на НОФ од 1947 г. Стара Карајотица неофицијално останала мала населба со 50 Македонци и 120 дојденци. додека пак Нова Карајотица била чисто додјенска. Поради новосоздаденото плодно земјиште, наводнувањето и поволната сообраќајна положба, по војните селото почнало да напредува.
Население
Стопанство Карајотица има мошне плодна почва која добро се наводнува, па затоа дава високи приноси на жито, памук и овошје. Особено е застапено одгледувањето на млечни крави.
Личности Димитар Ѓорѓев (1872 – ?) — борец во Балканските војни, Велешка дружина„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 143. Мицо Свирков – Глувиот (1877 – 1973) — селски курир на ВМРО Теодорос Милидис (р. 1951) — политичар од Нова демократијаΝέα Δημοκρατία Христо Георгиев (1871 – ?) — борец во Балканските војни, Кукушка дружина„Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 172.
Поврзано Ениџевардарско Езеро Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол