Кушиново, Кошиново или Икизлер (, Полипетро; до 1927 г. Κοσίνοβο, Косиново) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 374 жители (2021). Сè до 1920-тите населението се остоело исклучиво со староседелски Македонци кои денес се смешани македонски дојденци и Мала Азија.
Географија Селото се наоѓа на северозападниот крај на Солунското Поле, југоисточно од Гуменџе.
Историја Во Отоманското Царство В XIX век Кушиново е чисто българско село в Ениджевардарска каза на Османската империя. Во црквата „Св. Димитриј“ има икони на кулакискиот зограф Ставракис Маргаритис и ениџевардарскиот зограф Димитар Вангелов од Петрово. Во 1848 г. русккиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишал Косиново како македонско село.Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
На австроунгарската воена карта селото е означено како Џедид Икизлер (Džedid Ikizler), а на картата на Кондојанис се води како Косиновон (Κοσίνοβον), христијанско село.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Кушиново (Икизлеръ) имало 130 жители Македонци христијани.
Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кушиново (Kouchinovo) имало 288 Македонци, сите под Егзархијата.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Старо Кушиново било македонско со непознат број на куќи. Додека Ново Кушиново било македонско со 20 куќи.
По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото (Кошиново) испратиле телеграма до Отоманскиот парламент, жалејќи се на тоа што властите им ја дале егзархиската црква на патријаршистите, кои по 15 дена служба ја затвориле.
Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. во Кушиново имало учител назначен од Егзархијата, но властите не го дозволиле отворањето на бугарско училиште поради статуквото.
По податоци на Егзархијата во 1910 г. Кушиново имало 24 семејства сочинети од 121 жител Македонец и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61 – 69.
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Κασίνοβον) имало 180 патријаршисти и 60 егзархисти.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Кошиново имало 15 куќи на Македонци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Кушиново било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. В 1912 година е регистрирано като селище с христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. селото (Κουσίνοβο, Ικιζλέρ) 234 лица (120 мажи и 114 жени). Во 1920 г. нивниот број спаднал на 206 жители.
Во 1924 г. 137 лица (20 семејства) се иселиле во Бугарија поради неподносливите малтретирања од грчката власт. На нивно место се доведени доселеници од Мала Азија. Ликвидирани се 26 имоти на преселниците во Бугарија. Малоазиските доселеници всушност биле жители на Киздервент — Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50. Во 1926 г. селото е преименувано во Полипетро. На пописот од 1928 г. Кушиново е претставено како мешано село со 393 жители од кои 168 лица (42 семејства) биле дојденци, а останатите староседелци.
Во 1940 г. селото броело 499 жители од кои, според НОФ, 200 биле староседелски Македонци, а другите дојденци (т.е. турски Македонци).
+ Месности во Кушиново преименувани со службен указ 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Кушиново Κοσίνοβον Анифоро Άνήφοροвозвишение на СИ од Кушиново (141 м) Кавак Чешме Καβάκ Τσεσμέ Левковриси Λευκόβρυσηрека на И од Кушиново Коџадере Κοτζά Ντερέ Мегало Рема Μεγάλο Ρέμαрека на С од Кушиново Бидалмаш Μπιντάλμας Авитистон Άβύθιστονмесност на С од Кушиново
Население
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Димитриј“
Личности Родени во Кушиново Ичко Кушински — револуционер на ВМОРО Георги Иванов Русев – Божко (р. 6 мај 1922) — преселник во Пловдив, член на работничкото движење и партизан
Починати во Кушиново Иван Летата (? – 1905) — четник на војводата Апостол Петков
Наводи
Категорија:Пајонија (општина)