За други истоимени места, погледајте Радомир

Радомир (, Асвестарија или Ασβεσταριό, Асвестарио; до 1926 г. Ραδομίρ, РадомирΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Ραδομίρ -- Ασβεσταριό) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 2 жители (2021). До 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, кои биле апсолутно мнозинство сè до нивното префрлање во Ново В’дришта од властите.

Географија Селото е сместено во јужните падини на планината Пајак,9 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар).

Историја Во Отоманското Царство На почетокот на XX век Радомир е заведено како чисто македонско село во Ениџевардарска Каза. Според Николаос Схинас, во средината на 1880-тите Радомир било село со 35 христијански семејства.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Радомир броел 165 жители Македонци.

Според револуционерот Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.Силянов, Христо. „Освободителните борби на Македония“, том I, София, 1993, стр. 126. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радомир (Radomir) имало 360 Македонци, сите под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 102-103.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Радомир било македонско со 40 куќи.

Според училишниот инспектор Никола Хрлев, во 1909 г. Радомир имал 48 македонски егзархиски куќи и месна црква „Св. Спас“. Во ова време навлегла и бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.Извори за българската етнография, т. 3, Етнография на Македония. Материали из архивното наследство, София 1998, с. 84. Во 1909 г. црквата поседувала 7 погони земја и 30 овци.

Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дела селото (Ραδομίρ) има 250 егзархисти.

Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Куќата на забегналия Вандо Ѓошев е ограбена, а жена му е претепана.Дебърски глас, година 2, брой 25, 9 октомври 1910, стр. 4.

Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 40 словенски куќи.

Во Грција Во 1912 г. Радомир е заведен како село со христијанска вероисповед и македонски јазик. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 329 жители (180 мажи и 149 жени), а во 1920 г. се намалило на 291 лице. Во 1924 г. 64 лица се принудно иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени 118 грчки колонисти.

Во 1928 г. селото било етнички мешано село во 389 жители, од кои 137 лица (43 семејства) биле дојденци. Во 1926 г. селото е преименувано во Асвестарија.

Во 1940 г. селото имало 566 жители, од кои, според статистиката на НОФ, 123 биле грчки дојденци, а останатите биле македонски староседелци. Радомир значајно настрадал во Граѓанската војна, поради што во 1951 г. имало 380 лица. Во 1961 г. населението се зголемило на 432, а во 1971 г. на 424 жители, со апсолутно мнозинство на Македонци.

Во 1970-тите властите решиле да го преселат целото население во нови станови во Ново В’дришта со цел нивно полесно асимилирање. Така, во 1981 г. во Радоми останале само 4 лица, а во 1991 г. само 3. Во 2001 г. населението се зголемило на 25 лица, за повторно да спадне на 4 лица во 2011 г.

Население

Знаменитости Црква „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) од 1850 г., прогласена за споменик на културата

Личности Вангел Иванов Ташев (1921 – 1945) — подофицер во Бугарија, загинал во Втората светска војнаДВИА, ф. 39, оп. 3, а.е. 105, л. 27 Тома Радомирски — револуционер, четник на Ичко Димитров во 1912 г.Динев, Ангел. Хуриетът и следхуриетските борби в Гевгелийско. София, 1934, стр. 63.

Поврзано Солунско Поле

Наводи

Категорија:Постол