Текри Вермишли или Ксиропотамос () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.Kallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Ксиропотамос бил дел од општина Маслар.

Географија и местоположба Селото се наоѓа на 29 километри северно од Ставрос и 64 километри источно од Солун, во подножјето на Богданска Планина (Кердилија) во близина на Мавровско Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 380 метри.

Историја Отоманско Царство

Во XIX век селото било турско село кое се наоѓало во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година во селото живееле 81 жител. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, муслиманското население било принудено да го напушти селото, додека на негово место биле населени грчки бегалци од Анадолија.

Во 1926 година селото било преименувано во Скепасто.

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 11 семејства и со население од 44 луѓе, додека во 1940 година селото броело 86 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 85 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 80 жители. Според Тодор Симовски, селото во следната деценија не се споменува на пописите бидејќи било напуштено. Сепак, според последните два пописи може да се заклучи дека во селото има човечки живот. Така, според пописот од 2001 година во селото живеат 356 луѓе, додека пак според пописот од 2011 година во селото живеат 350 луѓе.

Знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1932 г.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место на дем Бешичко Езеро

Категорија:Бешик