Свети Ѓорѓи (, Агиос Георгиос), на турски: Дорт Армутлар — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 183 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.
Географија Селото е сместено во Солунското Поле, 2 км западно од Кадиново и 15 км од Пазар (Ениџе Вардар) во иста насока.
Историја Во Отоманското Царство Селото веројатно е основано од жители на Меглен кои се преселиле на југ бегајќи од исламизацијата на областа. Црквата „Св. Ѓорѓи“ е изгорена во 1877 г. од турска војска која престојувала во селото на пат за Одрин за време на Руско-турската војна. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Св. Георги (Дорт Армутлар) брои 160 жители Македонци.
Во 1905 година, според Крсте Петков Мисирков, село Свети Ѓорѓе било македонско со 30 куќи.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дурт Армуд (Deurt-Armoud) имало 256 Македонци под Цариградската патријаршија (грчката црква).Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, pp. 102 – 103. Во овој период селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија и почнале првите обиди за бугарска пропаганда.
Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 18 македонски куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 100 жители, кои во 1920 г. пораснале на 125 лица. Бидејќи немало поволни услови, во селото не се доселувани грчки колонисти, па затоа останало чисто македонско. Така, во 1928 г. 168 жители кои во 1940 г. се зголемиле на 240. Во следните десетлетија населението на Свети Ѓорѓи бележи умерен развој, иако во 2000-тите е забележан голем пад на населението (од 359 во 2000 на 232 во 2011 г.)
Население
Стопанство Селото е многу богато поради плодното земјиште и целосното наводнување. Се произведува овошје (праски и круши), жито, памук и др. Застапено е и краварството.
Поврзано Солунско Поле
Наводи
Категорија:Постол