Нареш (, Неја Филаделфија, до 1927 г. Νάρες, Нарес;Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Νάρες -- Φιλαδελφειανά од 1927 до 1967 г. Φιλαδελφειανά, ФиладелфијанаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Φιλαδελφιανά -- Νέα Φιλαδέλφεια) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 923 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на десниот брег на реката Галик, југоисточно од Горчливото Езеро. Оддалечено е 20 км северно од Солун, крај патот од Солун за Кукуш.

Историја Во Отоманското Царство Кај Нареш е откриен Нарешкиот натпис — граничен натпис од X век изрежан во камен столб со кој се означува границата на Византија.

На крајот од XIX век Нареш било чисто македонско село во Солунската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 200 жители, сите Македонци христијани.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото Нареш (Nariche) имало 168 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219. Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Нареш имало 13 куќи, од кои 8 биле на Македонци-христијани и 5 на Роми-муслимани.

Во Грција Селото настрадало во Втората балканска војна од жестокостите на грчката војска, и поради тоа во 1913 г. се води како напуштено. Истата година е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По извесно време, дел од населението се повратило во селото, поради што во 1920 г. се попишани 62 жители. По 1922 г. грчките власти тука населиле грчки колонисти од Мала Азија и Источна Тракија. Во 1926 г. името му е сменето во Филаделфијана. Според пописот од 1928 г. Нареш било етнички мешано (македонско-дојденско) село со вкупно 555 жители, од кои 339 жители (106 семејства) биле дојденци. Во 1967 г. е одново преименувано, овојпат во Неја Филаделфија, по грчкото име (Филаделфија) на местото Алашехир во Турција од каде потекнувале колонистите.

Според пописот од 1961 г. непосредно до селото имало нова дојденска населба со 40 жители, која отпрвин го носела македонското име на старото село, за во 1963 г. да биде преименувана во Дилофо (во прев. „два рида“). На следниот попис не се споменува како населено место бидејќи жителите се иселиле.

+ Месности во Нареш преименувани со службен указ на 21 октомври 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Мастака Μάστακα Ктима Κτήμαмесност на СЗ од Нареш Нареш Νάρες Корифи Κορυφήвозвишение на СИ од Нареш (140,8 м)

Население

Поврзано Вардарија

Наводи