Ново Село или Ениќој (, Неохоруда) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.703 жители (2011), сите Македонци.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Солунското Поле. Оддалечено е 10 км северозападно од Солун и 1,5 км источно од Градобор.
Историја Во османлиско време Во 1771 г. Ново Село е споменато како христијанско село, а во 1862 г. е заведено како село со 76 христијански куќи.Δημητριάδης, Βασίλης. Φορολογικές κατηγορίες των χωριών της Θεσσαλονίκης κατά την Τουρκοκρατία, ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΑ, σύγγραμα περιοδικόν της ΕΤΑΙΡΕΙΑΣ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΩΝ ΣΠΟΥΔΩΝ, τόμος εικοστός, Θεσσαλονίκη, 1980, σελ. 422, 437. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ.
Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Ново Село како македонско село.нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политикаГригорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 91. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека 1873 г. Ново Село (Novo-Sélo) било село со 130 домаќинства и 580 жители Македонци.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152 - 153. Меѓу 1896 и 1900 г. селото преминало под врховенството на Бугарската егзархијаИлюстрация Илинден, 1936, бр.79, стр. 1. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 740 жители, сите Македонци христијани.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140.
Во учебната 1894-95 г. под револуционерот Аргир Манасиев, а со помошта на првенците Ставре Новоселски, Ѓорѓи Саламурчев, Пецо Бакалинот, Христо Чочев и други отвориле унијатско училиште. Во него се запишале 30-35 деца.Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 350 - 351.
По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Ново Село (Novo-Selo) имало 1.016 жители Македонци, од кои 552 биле под врховенството на Бугарската егзархија, а 464 под Цариградската патријаршија. Селото било изложео на две странски пропаганди — бугарската и грчката и во него работеле и бугарско и грчко училиште.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 218-219.
Припојување кон Грција Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава кога имало 727 жители. Откупени се 8 имоти на жители кои се преселиле во Бугарија.Μιχαηλίδης, Ιάκωβος. Σλαβόφωνοι μετανάστες και πρόσφυγες από τη Μακεδονία και τη Δυτική Θράκη (1912 – 1930), διδακτορική διατριβή, Θεσσαλονίκη 1996, σελ. 197. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел дека Ново Село има 145 македонски куќи. Во 1920 г. селото имало 884 жители (439 мажи и 445 жени).Απογραφή 1920, σελ. 116. Цитирано по: Λιθοξόου, Δημήτρης. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Γ.
Во пописот од 1928 г. Ново Село е заведено како македонско, со 919 жители, од кои 9 биле грчки бегалци доведени од Турција (3 семејства).
Население Целото население на Ново Село до денешен ден е чисто македонско.
Знаменитости Црква „Св. Никола“ од 1959 г.
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Калитеја со седиште во Градобор, која припаѓа на поголемата општина Даутбал, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Градобор, каде тоа е еднственото населено место.
Стопанство Населението произведува тутун, жито и други земјоделски производи, а делумно е застапено и сточарството.
Личности Дине Стојанов — револуционер на ВМОРО, четник на војводата Апостол Петков; се иселил во САД во 1909 г. и членувал во МПО „Прилеп“ во Стилтон; чичко му и син му се убиени во 1922 г. од ГрциМакедонски Алманах, издава ЦК на МПО, уредник Петар Ацев, издание на „The Macedonian Tribune“, Indianapolis, 1940, стр. 404.
Наводи
Категорија:Даутбал