Сарамурово (или Саламурово, Сари Омер; ) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Порано било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓало во Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар меѓу селата Бугариево и Ингилизово. Лежело на патот од Шамли до Бугариево.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Сарамурово било чифлик во Солунската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сарамурово (Saramourovo) било село со 25 домаќинства сочинети од 120 Македонци.

Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во селото живееле 120 Македонци христијани. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Сарамирово (Saramirovo) имало 128 Македонци, сите под врховенството на Бугарската егзархија.

Според пописот од 1905 г. во селото имало 85 Македонци, сите под егзархијата.

Во 1910 г. Сари Умер (Σαρί Ουμέρ) е заведено како село со 85 жители со сопствена национална свест и негрчка верска припадност.Αθανάσιος Χαλκιόπουλος, Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου, Αθήναι 1910. Цитирано по: Δημήτρης Λιθοξόου. Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Θεσσαλονίκης / Σ

Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), пред Балканските војни Сарамурово се состоело од 20 македонски куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Сарамурово е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. населението броело 84 лица кои во 1920 г. се свеле на само 20. во 1920-тите населението се иселило во Бугарија, а на негово место се доведени Грци од Понд и Источна Тракија. Така, во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско, со 5 семејства сочинети од 16 лица. Според други извори, таа година Сарамурово имало 28 жители.

Малку подоцна населенито го напуштило селото поради отсуството на услови за нормален живот.

Личности Атанас Милушев Николов - Живко (20 мај 1908 - 1944) — иселеник во Пловдив со семејството за време на Првата светска војна, работи като арматурист, член на БКП от 1935 г., организира стачки на строителните работници, през зимата на 1943 - 1944 г. е партизанин в диверсионната чета, действаща в района на Свети Спас, през април 1944 г. се присъединява към бригадата „Георги Димитров“, убит Яким Божинов Запрянов (1882 - ?), български просветен деец и дарител

Наводи

Категорија:Историски села во Илиџиево