Ааси Огулари или Аси Огулари () — поранешно село во Кукушко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кукуш во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на Фанарли, во подрачјето на планината Карадаг.

Историја Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Ааси Огулари имало 16 жители Турци.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 16 жители. Селото се распаднало за време на Првата светска војна и повторно не било обновено, а во 1927 г. било избришано од евиденција.

Наводи

Категорија:Историски села во Кукуш