Горјан или Горени (, Георѓани; до 1926 г. Γκόργιανη, ГорјаниΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκόργιανη -- Γεωργιανή) — село во Правишко, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Кушница, во Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на североисточните падини на планината Кушница, северозападно од малиот град Правишта, на надморска височина од 260 метри.
Се наоѓа на 10 километри од градот Правишта во северозападна насока и на 1 километар северно од селото Никишјан.
Историја
Во век, Горјан било село во Правишката Каза, на Отоманското Царство.
Селото Горени во минатото било населено со турско население.
Во 1926 година било преименувано од Горјани во Георѓани.
Стопанство
Селото е прилично богато. Населението главно се занимава со земјоделство (тутун и пченица) и делумно со сточарство (одгледување крави).
Население
По принудното населување на турското население во согланост со Лозанската конвенција, во 1924 година во селото биле сместени бегалски семејства. Нивниот број во 1928 година изнесувал 976, а во 1940 година се искачил на 1.500 жители.
Во 1941 година, според бугарската статистика селото имало 1.482 жители. Во 1951 година биле попишано 1.608 жители, во 1961 година 1.469, во 1971 година поради помасовното иселување во поголемите градови, бројот на жители се намалил на 930, додека во 1981 година се забележани 1.016 и во 1991 година 1.025 жители.
Според пописот во 2001 година, селото имало 706 жители. Во најновиот попис во 2011 година спроведен во Грција, селото било забележано со 611 жители.
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Кушница со седиште во селото Никишјан, која припаѓа на поголемата општина Кушница, во округот Кавала. Воедно, се наоѓа и во општинскиот оддел Горјан, во кој е единствено село.
Наводи
Категорија:Кушница