Мешели ( или Πετρηνό, Петрино; до 1927 г. Μεσιλή, Месили) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.
Географија Селото се наоѓало во јужното подножје на Беласица, северно од Мандраџик.
Историја Во Отоманското Царство На крајот од XIX век Мешели било село во Демирхисарската Каза на Серскиот Санџак.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Мешели живеле 350 Турци.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 492 лица. Селото настрадало во Првата светска војна, поради што во 1920 г. населението се свело на 173 жители. Во 1924 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Мешели е претставено како наполно дојденско село со 164 жители (40 семејства). Во 1926 г. било преименувано во Петрино, но промената официјално стапила на сила следната 1927 г.
Во 1940 г. населението на Мешели се накачило на 339 лица, а во 1941 г. имало 229 жители, веројатно поради Втората светска војна. Мешели се распаднало за време на Граѓанската војна кога селаните биле преселени во нови куќи во Мандраџик. Власта не дозволила обнова на селото бидејќи било погранично, иако населението и понатаму ги користи имотите во него.
Наводи
Категорија:Историски села во Синтика