Чифлик (, Трита, до 1926 г. Τσιφλίκι, Цифлики) — поранешно село во Правишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Кушница во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во долината на реката Лаџа, јужно од селото Кусороб, во јужните падини на планината Кушница, на надморска височина од 365 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Чифлик било село во Правишката Каза на Драмскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Чифлик имало 66 жители Роми. Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 154 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле на 71 лице.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле бегалски семејства од Мала Азија, така што селото станало бегалска населба. Во 1926 година, името на селото било променето во Трита (Τρίτα).
За време на Грчката граѓанска војна (1946–1949), селото настрадало и неговите жители се иселиле, а поради пасивноста на овој крај и неговата својата планинската положба, подоцна не е обновено и било избришано од евиденција.
Наводи
Категорија:Кушница