Бухорино или Бохорино () — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 32 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, 16 км југозападно од гратчето Лапчишта крај патот кој води за Коница и Јанина.

Историја

Во Отоманското Царство Бухорино уште од постаро време било населено со Грци.

Во XIX век Бухорино било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Бухорино живееле 260 Грци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Бухорино (Bouhorino) има 275 Грци.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.273.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Бухорино живееле 280 Грци христијани.Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Бухорино се запишани 386 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 328 лица.

Стопанство Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.

Население

Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Св. Ѓорѓи“

Поврзано

Населица

Наводи

Категорија:Горуша (општина)