Лихнадес или Лихнади (, Ликнадес) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, околу 20 км западно од Лапчишта и југозападно од Рупишта, на левата страна на реката Беливод, на надморска височина од 730 м.

Историја

Антика Непосредно западно од Лихнадес, на врвот на ридот Сопотура, кој се издига во свиокот на притока на реката Беливод, се наоѓаат урнатините на акропола на древномакедонски град, еден од најважните во областа Елимеја. Различни археолошки наоди, меѓу кои остатоци од светилишта, живеалишта и други, од хеленистичко и римско време се откриени и во околните месности Копација, Карагација, Калогерос или Пигадија, Бахчедија и други.

Во близина на селото е откриена и македонска гробница, веројатно од IV век п.н.е.

Во Отоманското Царство Селото е споменато во Забрдскиот кодик од 1534 г. заедно со селата Пиљур, Пигадица, Мислегошти и Цакнохор.

Во ХІХ век Лихнадес било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лихнадес живееле 150 жители, сите Грци.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Лихнадес е претставено како чисто грчко село од мешана вероисповед (муслиманска и православна) во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак со 50 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Ликнадес (Λικνάδες) живееле 25 Валахади и Грци христијани.

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, Лихнадес (Λιχνάδες) е дел од Костенаријата и во 1910 г. имало 25 „гркојазични“ семејства – 17 христијански и 8 муслимански. Во селото работело грчка градинка со 1 учителка и 20 момчиња и 12 девојчиња.

На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Линадес е означено како грчко село.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 148 жители, кои во 1920 г. се свеле на 131 лице.

Стопанство Населението произведува жито, тутун, компири и други земјоделски производи. а помалку се занимава и со сточарство.

Население

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта

Лихнадески антички град — древен град во близина на селото; и Лихнадеска гробница — гробница од IV век п.н.е.

Цркви

Црква „Св. Петка“ — главна селска црква.

Наводи Забелешки

Категорија:Горуша (општина)