Лунци или Лунч (, Калони; до 1927 г. Λούντσι, Лунци) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 6 жители (2011).
Географија и местоположба Селото е оддалечено околу 20 км северозападно од градот Гребен, на надморска височина од 1.020 м.
Историја
Во Отоманското Царство Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1864 година.
Во XIX век Лунци било грчко село во Гребенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лунци живееле 180 Грци.
Според грчката атинска статистика од 1910 година во Лунцион (Λούντσον) живееле 500 Грци христијани.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 503 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 391.
Во 1927 година, името на селото било променето во Калони (Καλλονή).
Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава со сточарството и шумарството.
Население Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 503 жители, во 1920 година со 391 жител, во 1928 година со 489, а во 1940 година со 431, во 1951 година со 152 жители, во 1961 година со 95, во 1971 година со 65, во 1981 година со 239, а во 1991 година со 208 жители.
Самоуправа и политика Во 1918 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 7 квадратни километри. Општината Лунци била приклучена во општината Чирак во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Чирак со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Лунци, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, изградена во 1864 г.
Наводи
Категорија:Гребен (општина)