Радовишта (, Родохори; до 1928 г. Ραδοβίτσι, Радовици или Ραδοβίστι, Радовисти) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 27 жители (2021).

Географија и местоположбаж Селото е сместено во областа Населица, крај патот кој води за Гребен на надморска височина од 730 м. Лежи југозападно од Лапчишта и источно од Жупан.

Во непосредна близина на селото е Цукарев мост.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век Радовишта било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Радовишта живееле 366 Грци. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Радовишта (Radovichta) има 325 Грци под патријаршијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.226-227.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Радовишта живееле 150 Грци христијани.Σπανός, Κώστας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година во Радовишта се запишани 471 жители, кои во 1920 г. се намалиле за 316 лица.

Во 1928 г. во селото живееле 344 лица. Истата година македонското име на селото му било сменето во Родохори.

Стопанство Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.

Население

Културни и природни знаменитости

Цукарев мост — стар камен мост кај селото

Поврзано

Населица

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Горуша (општина)