Цотил или Чотил (, Цотили) — мало гратче во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот Округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 1.453 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Населица, 10 км југозападно од Лапчишта, крај државниот пат ЕО20 (Јанина–Кожани), во падините на Горуша, на надморска височина од 840 м.
Историја
Во Отоманското Царство лево|мини|Ученици и учители во гимназијата во Цотил во учебната 1906–1907 г. Седнат лево е Јоанис Сеферијадис од Нигде, учител по грчки јазик, а десно седи Темистоклис Мосхидис од Родосто, учител по турски јазик Епирскиот хроничар Панајотис Араванитос („Етнографска карта на Епир“) го посочува населението на Сотили (Sotili) како дел од „гркојазичната област“ Анаселица.
Во 1871 г. во Цотил е основана грчка гимназија под покровителство на Патријаршијата, која била една од најпрочуените грчки образовни институции во Југозападна Македонија.
Кон крајот на ХIХ век Цотил било грчко село во Населичката Каза на Серфиџенскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Цотил живееле 440 жители, од кои 250 Грци-муслимани (Валахади), 120 Власи, 50 Грци и 20 Роми.
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Цотили (Τσοτύλι) живееле 237 или 300 Грци христијани, 63 „влахофони“ од кои ниеден пороманчен и 250 Валахади.
Во Грција мини|Димитриос Голицис (прв од десно) од с. Блаца во Цотилската гимназија, веднаш до Панделис Цамисис, учител по грчки јазик, подоцна директор на Костурската гимназија. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 884 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 959 лица. Според грчкиот историчар Апостолос Вакалопулос, до почетокот на 1920-тите години, во Цотил живееле 150 муслимански и 40 христијански семејства.Vacalopoulos, Apostolos, E. History of Macedonia 1354-1833, Thessaloniki, 1973, p. 348.
Во општинскиот совет избран во 1920 г. учествувале Котас Флоинис (Κώτας Φλιώνης), Константинос Рангазас (Κωνσταντίνος Ραγκαζάς), И. Љољос (I. Λιόλιος), Д. Пинетас (Δ. Πινέτας), Хасан Зекир (Χασάν Ζεκίρ), Тефик Ислам (Τεφήκ Ισλάμ) и Исмаил Ибраим (Ισμαήλ Ιμπραήμ).
Во 1923 г. муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се доведени 86 бегалски семејства (вкупно 364 бегалци) од Мала Азија (17), Понд (64) и Источна Тракија (5), така што селото повторно станало мешана населба. Според пописот од 1928 г. во Цотил имало 852 жители.
За време на Втората светска војна, на 28 март 1943 г. селото било опожарено од италијанската окупациска војска.Ιωάννης Κολιόπουλος Λεηλασία Φρονημάτων, «Πάσα η χώρα εσιδοροφόρει» κεφ. Αντάρτες (σσ. 82-101) εκδ. ΒΑΝΙΑΣ, 1995 +Места во заедницата Цотил преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписХасанова КолибаΧασάν ΚαλύβαПериохиΠεριοχήмесност на ЈЈЗ
Стопанство Покрај со градските занимања, жителите на Цотил се занимаваат со земјоделство и сточарство.
Население
Општествени установи
Пошта Полициска станица
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Атанасиј“ — главна селска црква; Црква „Св. Павле“ — понова црква од XX век; Црква „Св. Марина“ — подигната во 1958 г. врз темелите на постар храм; Црква „Св. Јован Златоуст и Св. Бессребреници“ — изградена во 1978 г. покрај патот за Лапчишта; и Црква „Св. Петар“ — претворена во џамија во XIX век.
Параклиси
„Св. Илија“ — изграден во 1963 г.; и „Св. Петка“ — подигнат на местото на постар параклис.
Џамии
Во минатото во селото постоела џамија, која била изгорена во 1943 г.
Личности Родени во Цотил
Атинагор Бирдас (р. 1965) — духовник и митрополит; и Теодора Гару (1858–1928) — учителка, деец на грчката вооружена пропаганда.
Поврзано
Цотилска гимназија — позната гимназија во селото
Наводи
Категорија:Горуша (општина)