мини|десно|250п|Црквата „Св. Ѓорѓи“ мини|исправено|Статуа од Европ Ашклар (Шиклара, Шиклари или Шикларе;Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 330, 291. (, Европос, до 1925 г. Ισικλάρ, Исиклар или Ασικλάρ, Асиклар) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 1.413 жители (2021). Сè до 1920-тите било населено со турско мнозинство и македонско малцинство.
Географија Селото се наоѓа на западниот крај на Солунското Поле.
Историјаа Праисторија и антика Југоисточно од селото е откриена праисториска могила, а на два рида јужно и југоисточно од селото има антички град, кој се често се поистоветува со старомакедонскиот град Европ.
В Османската империя На почетокот на XX век Ашиклар било село во Ениџевардарска Каза. На австроунгарската военна карта селото е обележано како Ишиклар (Išiklar).
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Аш’клари (Ашъклари) имало 30 жители Македонци христијани и 655 Турци. Според спомени на жителите на околните села, дел од населението на Шиклара биле катили познати по своите зулуми, вклучувајќи убиства.Бабев, Иван, Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 330-332, 476.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Шикларе било турско со 100 куќи.
Во 1910 г. во Ашиклар е создадена турска чета за спротивставување на македонските и грчките чети, возглавена од Ќорпе Ибрахим.Дебърски глас, година 1, брой 49, 6 март 1910, стр. 3. Истата година според Халкиопулос селото (Ισικλάρ) имало 1.200 муслимани.
По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Шаклара имало 211 семејства сочинети од 1.211 жители Турци.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Ашиклар пред Балканските војни се состоел од 350 куќи на Турци.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. Ашиклар е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведен како село со исламска религија и турски јазик. На пописот од 1913 г. Асиклар (Ασηκλάρ) е село со 830 жители (476 машки и 354 женски). Во 1920 г. во него живееле 896 лица.
Во септември 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско е иселено во Турција, а на негово место се доведени првите грчки дојденци — 277 семејства од селото Фулаџик и 9 семејства од Киздервент, Никомидиско, 83 семејства од Чанта, Источна Тракија, 7 семејства Понд и 2 ерменски семејства. Доселениците говореле турски, но оние од Киздервент се всушнос Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50. Во 1925 г. селото е преименувано во Европос, согласно грчката политика на присвојување на древномакедонското наследство. Во 1928 г. Ашиклар е претставен како мешано домородно-дојденско село со 1.393 доселеници (388 семејства). Според други извори, таа година во него се заведени 1.338 лица.
Во 1925–1927 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ во облик на трикорабна базилика од тули со женска црква. Во 1978–1980 на нејзино место е изградена голема трикорабна базилика со купола и женска црква, посветена на истиот светец.
+ Месности во Ашиклар преименувани со служен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Кислар Бурну Κιολάρ Μπουρνού Митула Μυτούλα месност на ЈЗ од Ашиклар Ашиклар Άσικλάρ Левендес Λεβέντες возвишение на З од Ашиклар (165,2 м) Чаири Τσαΐρια Ливадија Λιβάδια месност на СЗ од Ашиклар Карамандере Καραμάν Ντερέ Караманос Καραμάνος река на С од Ашиклар Бостанлика Μποστανλίκα Пепониес Πεπονιές месност на С од Ашиклар Либахово Λιμπάχοβον Дискос Δίσκος возвишение на СЗ од Ашиклар и на И од Либахово (203,8 м) Карачалија Καρά Τσαλια Мавроклада Μαυρόκλαδα месност на И од Ашиклар по десниот брег на Вардар
Население
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пајонија (општина)