Војводина (, Спилија; до 1927 г. Βοεβοδίνα, Воеводина,Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βοεβοδίνα - Σπηλιά , Ојводина) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 35 жители (2021).

Географија Селото е сместено во областа Сариѓол, 15 км источно од градот Кајлари, во подножјето на планината Каракамен. Атарот зафаќа површина од .

Историја Кај Војводина е откриена древномакедонска гробница (наречена Војводинска гробница), слична на Кралските гробници во Кутлеш.History of the Macedonian tombs of Eordaia (Prefecture of Kozani): Spilia Низ ова подрачје минува познатиот римски пат Вија Егнација.

Во Отоманското Царство Кон крајот на XIX век Војводина бил турски чифлик. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Војводино (Voïvodino) било село во Џумалиската каза со 15 домаќинства и 30 машки жители муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с.98-99.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Војводина:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Војводина имала 250 жители Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 270.

Според грчка статистика од 1904 г. во Војводина живееле 250 Турци.Κωνσταντίνος Σπανός. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.

Во Грција Во Првата балканска војна селото го зазела грчката војска, а по Втората балканска војна Војводина конечно била припоена кон Грција, кога се заведен 381 жител. Во 1924 г. е иселено турското население, а на негово место се доведени грчки бегалци од Мала Азија согласно Лозанскиот договор. Во 1928 г. селото е заведено како наполно грчко, со 86 доселенички семејства од вкупно 332 лица. Во 1927 г. му е дадено новото име Спилија. +Места во заедницата Војводина преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.ИмеИмеНово имеНово имеОписКаракочΚορακότσιПигесΠηγέςмесност во Каракамен на СИШапкараΣιαπκάραВоскотопосΒοσκότοποςврв на Каракамен на СИ (1.620 м)

Население Во следниот период бројот населението останал устојчив, така што во 1940 г. имало 394 лица, а во 1951 и 1961 г. селото имало 347 односно 375 жители. Населението во овој период почнало да се намалува поради релативната неплодност на почвата и иселувањето во градот Кајлари, кој доживеал подем благодарение на термоцентралите и фабриката за вештачки ѓубрива. Така, во 1971 г. селото се намалило на 188 жители, во 1981 г. на 133, а во 1991 г. на 114 лица.

Стопанство Во селото Војводина претежно се одгледуваат житото, компирите и грозјето, а делумно е развиено и сточарството поради широките тревни предели.

Поврзано Војводинска гробница — древномакедонска гробница од II век п.н.е.

Надворешни врски Војводина на порталот на некогашната Општина Света Петка История на селото Војводина Информации за поранешната општина Света Петка

Наводи

Категорија:Еордеја