Рамна (, Римнио) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 115 жители (2021).

Географија и местоположба Селото се наоѓа околу 26 км југоисточно од градот Кожани и 16 км југозападно од Серфиџе, на десната страна на реката Бистрица, во близина на Витивјанското Езеро, на надморска височина од 330 м.

Историја

Во Отоманското Царство Неговото население уште од порано има грчко потекло. Според османлиски дефтер од 1528 г. во Рамна имало 62 домаќинства со 279 жители.

Во XIX век Рамна било грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот Санџак.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Римнос е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската Каза на Серфиџенскиот санџак со 13 куќи.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Римнио (Ρύμνιο) живееле 70 Грци христијани. Во 1910 г. Атанасиос Халкиопулос напишал дека во селото Рамна има 70 Грци.Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία: εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι, 1910, σ. 107-108.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 60 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 64 лица. Во 1924 г. по потпишувањето на Лозанскиот договор во селото се населиле 37 семејства (вкупно 136 бегалци), така што селото станало мешана населба. +Места во заедницата Рамна преименувани со службен указ на 6 август 1969 годинаИмеИмеНово имеНово имеОписЧаириΤσαΐριαКерамидијаΚεραμίδιαшума на ЈЗ од РамнаКарамачукΚαραματσούκιИлиосΉλιος

Стопанство Селото е прилично богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини. Населението произведува жито, тутун, пченка, компири и други земјоделски производи, а делумно развиено е икраварството.

Население

Самоуправа и политика Во 1931 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 12 квадратни километри. Општината Рамна била приклучена во општината Калјани во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кожани.

Селото припаѓа на општинската единица Калјани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Кожани, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рамна, во кој е единствено село.

Културни и природни знаменитости Цркви

Црква „Св. Атанасиј“ — изградена во XVI век Црква „Успение на Пресвета Богородица“

Наводи

Категорија:Кожани