Голем Бешик или Мегали Бешик () — село во Општина Бешик во Солунски Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.Kallikratis law Greece Ministry of Interior . Пред реформата на локалната власт во 2011 година Мегали Бешик бил дел од општина Рендина.
Географија и местоположба Селото се наоѓа на 25 километри западно од Ставрос и 52 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 55 метри во на северозападниот дел од Бешичко Езеро (Волви) во подножјето на Богданска Планина (Вертискос).
Стибан опфаќа површина од 55 квадратни километри.
Историја
Во XIX век Голем Бешик било село во Лагадинската Каза во рамките на Отоманското Царство.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 100 жители Турци и 150 ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 100 Грци и во селото работело грчко училиштеBrancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 196-197..
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 203 лица. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштиле своите домови.
Во 1927 година селото било преименувано во Мегали Волви.
Демографија
Во 1928 година селото било мешано со 5 бегалски семјества и со 14 жители, додека во 1940 година селото броело 54 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 209 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 384 жители, во 1971 година имало 245 жители, во 1981 година имало 230 жители, додека во 1991 година имало 249 жители а во 2001 имало 198 жители. Денеска, населението на селото е 123 жители според пописот од 2011 година.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место на Општина Бешик
Категорија:Бешик