Левен (, Василудион; до 1927 г. Λέβεν, ЛевенΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μπέροβα -- Βασιλούδι) — село во Општина Лагадина во Солунскиот Округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 606 жители (2021).

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 33 километри од Солун помеѓу Лагадинското Поле и Бешичкото Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 681 м.

Историја

Во XIX век Сирачево е село, кое припаѓало кон Лагадинската Каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото се состоело од 18 семејства со 76 жители ГрциМакедония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 152-153.. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 125 жители ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 168..

Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 90 ГрциBrancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 196-197.

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 25 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 72 жители. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд. Во 1927 година, селото било преименувано во Василудион.

Население

Во 1928 година селото броело 421 жител., додека во 1940 година селото броело 705 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 774 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 776 жители, во 1971 година имало 633 жители, во 1981 година имало 646 жители, додека во 1991 година имало 702 жители. Денеска, населението на селото е 681 жител според пописот од 2001 година.

Наводи

Категорија:Лагадина