Валта () — село во Општина Касандра во округот Халкидик, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, ГрцијаΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βάλτα -- Κασσάνδρα. Изворното име е старословенско — Валта значи „блата“ (место со блатести предели), што сведочи за словенското минато на полуостровот.

Географија и местоположба

Валта се наоѓа на 92 километри јужно од градот Солун, на источниот дел од полуостровот Халкидик, на надморска височина од 37 метри.

Историја

Валта се поменува во светогорски документи од XIV век како село и во грчки извори од почетокот на XVII век. Селото во текот на XIX век се наоѓало во Касандриската Каза во составот на Отоманското Царство. Селото како и сите други населби на полуостровот припаѓало на вакуфот Газанфер ага во нахијата Каламарија.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 800 ГрциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 169.. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 755 Грци Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 210-211..

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

На пописот од 1913 година биле евидентирани 1600 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1469 жители

Демографија

Во 1928 година селото броело 1593 жители, додека во 1940 година селото броело 1927 жители.

Селото според пописот од 1951 година броело 2116 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 2124 жители, во 1971 година имало 2130 жители, во 1981 година имало 2062 жители, додека во 1991 година имало 2314 жители. Денеска, населението на селото е 2775 жители според пописот од 2011 година.

Наводи

Надворешни врски Халкидик на GTP Travel

Категорија:Касандра (општина)