Кара Јусуфлар Маала (познато како и Кара Јусуфлар; , Крионери) — поранешно село во Касандриско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нова Пропонтида во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на селото Атманџали, од кое било оддалечено околу 3 км, западно од гратчето Полигеро, на надморска височина од 130 м.
Историја Во XIX век Кара Јусуфлар Маала било турско село во Касандриската Каза на Солунскиот Санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 60 жители Турци.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 60 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 47 лица.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 48 бегалци, така што селото станало бегалска населба. Во 1927 година, името на селото било променето во Крионери (Κρυονέρι), во превод „студена вода“.
За време на Граѓанската војна (1947 - 1949) селото наполно настрадало и било напуштено од своите жители и не било обновено, а подоцна било избришано од евиденција.
Наводи
Категорија:Историски села во Нова Пропонтида