мини|десно|250п|Чешма во Драгомирци околу 1916 г. Драгомирци или Драгомир (, Вафиохори; до 1928 г. Δραγομίρ, Драгомир) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 484 жители (2021). Сè до Балканските војни било населено исклучиво со Македонци.

Географија Селото се наоѓа на 22 км западно од Кукуш и 10 км источно од Ругуновец.

Историја На 2 км северно од селото е откриена населба од бронзеното време, прогласено за заштитен споменик во 1987 г.

Во Отоманското Царство Црквата „Св. Ѓорѓи“ во селото е изградена во 1806 г.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Драгомирци (Dragomirtzi) е село во Кукушката каза со 90 домаќинства сочинети од 400 Македонци.

На крајот од ХІХ век селото било чифлик на еврејскиот банкар Саул Модијано од Солун. Во 1904 г. го закупиле под наем селото од Модијано за 7 години, но пред да истече рокот, го откупиле засекогаш.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Драгомирци се состоело од 480 жители Македонци. На почетокот на XX век целото население било под врховенството на Бугарската егзархија и во селото работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирци (Dragomirtzi) имало 616 Македонци под Егзархијата и во него работело бугарско училиште.

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Драгомирци се состоело од 140 македонски куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Населението значително настрадало од грчката војска во овие војни, и највеќето семејства пребегале во Струмичко, каде живеат и денес. Таа година населението се намалило на 129 жители, но властите довеле 40 македонски гркомански семејства од Струмица или Струмичко. Во 1920 г. селото се води со 224 жители. Гркоманските семејства набргу се вратиле во Струмичко, а 40 лица од преостанатите староседелски семејства биле прогонети во Бугарија. На нивно место власта довела Грци од Источна Румелија (Бугарија). Во 1928 г. селото е заведено како мештанско-дојденско со 596 жители, од кои 478 лица (117 семејства) биле Грци дојденци, а останатите биле македонски староседелци кои не се иселиле.

+ Месности во Драгомирци преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Курија Κουρί Дасаки Δασάκι местност на Ј од Беглерија Беглерија Μπεϊγλερή Архондика Άρχοντικά местност на Ј од Ситарија и на З од Беглерија Казаново Καζανόβον Какорема Κακόρεμα река на Ј од Казаново Казански Ниви Καζανόβου Аплома Άπλωμα местност на ЈИ од Казаново Беглерија Μπεϊγλερή Вриси Βρύση извор на ЈИ од Казаново и на СИ од Беглерија Аврет Хисар Αβρέτ Χισάρ Гинекокастрон Γυναικόκαστρον крепост на ЈИ над Женско Суртараш Σουρτάρας Пиги Πηγή местност на ЈИ од Драгомирци Суртараш Σουρτάρας Оргома Όργωμα извор на ЈИ од Драгомирци Аша Маале Άσία Μαχαλέ Синикия Асијас Συνοικία Ασίας Бара Μπάρα Авлаки Αύλάκι местност на С од Драгомирци Селемли Σελεμλή Селинос Σέληνος местност на СЗ од Драгомирци Арџан Άρτζάν Плиромена Πληρωμένα езеро на СЗ од Драгомирци

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1806 г., прогласена за споменик на културата

Личности Димитар Бандулов — печатар Лазар Ников — револуционер на ВМОРО, четник на Аргир Манасиев„Дневник на четите, изпратени в Македония од пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА-Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.25 Петар Јотов (1872 – след 1943) — револуционер Трајко Ѓотов (1870 – ?) — револуционер, војвода на ВМОРО Христо Бандулов (1867 – ?) — просветен деец Димитар Атанасов Георгиев – Марчето (1920 – 1944) — борец во партизанското движење во БугаријаСписък на убити партизани

Борци во МОО Георги Делев — борец во I чета на IX Велешка дружина, носител на орденот „За храброст“ IV степен Гоне Вардалиев (1874 – ?) — борец во четата на Иван Ташев со четата на Руша Делчева Мино Топлев (1874 – ?) — борец во Кукушката чета Мито Главов (Мицо Глаов, 1888/1890 – ?) — борец во Кукушката чета, I чета на XIV Воденска дружина Мицо Наков (1866 – ?) — борец во Нестројната чета и IV чета на XIV Воденска дружина Јанак Гонов (1884 – ?) — борец во Кукушката чета<ref name="МОО" />Можеби истоветен со Јанаки Георгиев. Јанаки Георгиев (1886 – ?) — учител, борец во I чета на XIII Кукушка дружина Јанаки Стојанов — борец во Нестројната чета на III Солунска дружина

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Пајонија (општина)