Црна Река (, Карпи; до 1926 г. Τσέρνα Ρέκα, Церна Река) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот Округ, Грција. Населението брои 240 жители (2021). Населено е со Власи измешани со Македонци.
Географија Селото се наоѓа на 5 км северно од Гуменџе, на источните падини на планината Пајак.
Историја Во Отоманското Царство мини|250п|Црквата „Св. Ѓорѓи“ На крајот од XIX век Црна Рена било едно од влашките (мегленовлашки) села во областа Меглен. Црквата „Св. Атанасиј“ е од средината на XIX век.
На австроунгарската военна карта е обележано како Чернарека (Černareka), а на картата на Кондојанис како Цернарека (Τσερναρέκα), хриситјанско село. Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Церна Река (Τσέρνα Ρέκα) било село со 50 христијански семејства.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Црна Река (Църна рѣка) живееле 400 Македонци христијани. Меѓутоа, според Густав Вајганд,Вайганд, Густав. Етнография на Македония, Глава III. Език, езикови граници и разпространение на националностите в Македония и Теодор Капидан за разлика од соседните мегленовлашки села Конско, Серменин и Баровица, македонизацијата во Црна Река не била во напредната фаза.
Селото го признавало врховенството на Бугарската егзархија. Во мај 1880 г. уапсени се старешините на неколку ениџевардарски села и од нив е побарана гаранција дека се доверливи, што би можел да го даде само грчкиот митрополит. Така митрополитот успеал да ги откаже од Егзархијата селата Крива, Баровица, Црна Река, Тушилово, Петрово, Бозец, Постол, Геракарци и Кониково.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354.
Според секретаря на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Црна река (Tzerna-reka) има 672 Македонци-патријаршисти и во селото имало грчко училиште.
Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Црна Река било македонско со 115 куќи.
По податоци на Егзархијата во 1910 г. во Црна Река имало 165 семејства сочинети од 943 жители Власи и една црква.Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τσερναρρέκα) имало 270 пороманчени и 373 патријаршиски власи.
След Младотурската револуција во 1909 г. жителите на селото испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во која се жалат дека училиштето и црквата биле предадени на 40 патријаршиски куќи за сметка на останатите 80 куќи кои сега немале каде да ги исполнуваат своите образовни и духовни потреби.
Во селото правела обиди и бугарската пропаганда. Според податоци на кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев, во 1909 г. во Црна Река имало бугарски учител назначен од Егзархијата, но властите не го дозволиле отворањето на бугарското училиште поради статуквото.
Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Црна Река пред Балканските војни имала 125 куќи на Власи христијани.
Во Грција Во 1912 г. Црна Река е заведена како село со христијанска религија и влашки јазик. На пописот од 1913 г. селото имало 812 жители (423 мажи и 389 жени).
По Балканските војни во 1913 г. Црна Река била припоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1920 г. 696 жители како последица од Првата светска војна. Во 1920-тите Грчките власти правеле притисок врз извесни жители, поради што се ликвидирани 3 имоти на жители преселени во Бугарија. Во 1926 г. селото е преименувано во Карпи.
Во Црна Река немало доселување на Грци, така што во 1928 г. селото е заведено со 846 жители, сите мештани. Во 1940 г. селото нараснало на 1.110 лица.
Селото настрадало во Втората светска војна кога есента 1944 г. било изгорено од германската војска и домашните соработници.
За време на Граѓанската војна во 1947 г. грчките власти ги раселиле жителите на Црна Река во Гуменџе и Горгопик, но по војната жителите се вратиле. Во оваа војна селото дало многу жртви, а одделни борци и семејства биле приморани да се преселат во НР Македонија и некои источноевропски земји. Поради ова, во 1951 г. населението се намалило на 763 жители и продолжило да опаѓа, овојпат поради преселувањето во поголемите градови.
Население
+ Месности во Црна Река преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Пац Πάτσι Полидроми Πολύδρομον месност на ЗСЗ од Црна Река Тарастина Γαραστίνα Мандрија Μαντριά шума на СЗ од Црна Река Валераци Παλάρτοι Мелисија Μελίσσια река и месност на С од Црна Река Понор Πανώρ Панорама Πανώραμα возвишение на СИ од Црна Река (466,8 м) Кодру Ковач Κόντρου Κουβάτ Петалос Πεταλάς возвишение на ЈИ од Црна Река (425,1 м) Мехмет Фадана Μεμέτ Φαντάνα Вриси Βρύση месност на ЈИ од Црна Река Вале Маре Βάλε Μάρε Мег. Потами Μεγ. Ποτάμι река на СИ од Црна Река, притока на Латомирица Скупиот Σκουπιότ Скопија Σκοπιά возвишение на И од Црна Река Прнар Παρνάρ Пурнарија Πουρνάρια месност на И од Црна Река Паделишта Παδελίστα Аплорема Άπλόρεμα река на СИ од Црна Река, името на Латомирица в горното ѝ течение Јабалкуто Ίμπάλκουτο Милиес Μηλιές возвишение на ИСИ од Црна Река (338 м) Вртук Βαρτούκι Фидота Φιδωτά врв на СЗ од Црна Река Гумерџоса Γκουμερτζόσα Кумариес Κουμαριές врв на СЗ од Црна Река Карлес Κάρλες Краниес Κρανιές врв на СЗ од Црна Река Гандач Γκαντάτσι Кокинопетра Κοκκινόπετρα врв на СЗ од Црна Река (1.607,4 м) Гуругаса Γκουρουγκάσα Сапија Σάπια врв на СЗ од Црна Река (1.248 м) Урџана Ούρτζάνα Аркуда Άρκούδα врв на СЗ од Црна Река Падикоферка Παδικοφέρκα Фтерес Φτέρες врв на СЗ од Црна Река Баруци или Барушти Μπαρούστι Митакас Μύτακας врв на СЗ од Црна Река (1.006,6 м) Вале Дулуни Βάλε Ντουλούνι Дирема Δίρεμα река на С од Црна Река, десна притока на Коџа Дере Пресека Περσέκα Лемос Λαιμός месност на С од Црна Река Цанга Τσάγκα Ститос Στήθος возвишение на С од Црна Река Вале Мисали или Вале Мисале Βάλε Μισάλε Рема Михали Ρέμα Μιχάλη река на С од Црна Река, во горното течение наречена наречена Паделишта
Културни и природни знаменитости Црква „Св. Атанасиј“ од средината на XIX век Црква „Св. Ѓорѓи“
Личности мини|200п|Атанас Бечев Родени во Црна Река Атанас Бечев (Αθανάσιος Μπέτσης,? – 1912) — селски раководител на грчката пропаганда,Τα γεγονότα του Ίλιντεν και η Παιονία , www.kilkis24.gr, 19.03.2012 г. Ламбрина Георгиева Кирова (р.1925-) — учесник во НОВ на Македонија и ЕЛАС за Егејскиот дел на Македонија Трајко Дурчовски (р. 1943) — уметник и поет Трајанос Гагос (1960 – 2010) — папиролог во Грција и САД
Починати во Црна Река Андон Иванов Терзиев — револуционер, деец на ВМОРО, убиен во април 1905 г. кај Црна Река„Борбите в Македония. Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 135, ISBN 954-9514-56-0 заедно со Тане Тумбенчето Гоне Балабанов (? – 1904) — револуционер на ВМОРО Гоне Дојамов (1880 – 1948), андартски деец Миљо Понов Камберов (? – 1904) — револуционер од Гевгелија, четник на ВМОРО, загинал на 26 јуни 1904 г. во Падалишта кај Црна Река„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 131, ISBN 954-9514-56-0 Михаил Христо Златарев (? – 1904) — револуционер од Ошин, деец на ВМОРО, убиен на 26 јуни 1904 г. во Падалишта кај Црна Река„Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 137, ISBN 954-9514-56-0 Тане Тумбенчето (? – 1905) — револуционер на ВМОРО, четник на Апостол Петков
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Пајонија (општина) Категорија:Пајак (планина)