Стар Чифлик () — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало околу 2 км од северниот брег на Костурското Езеро, јужно од селото Сетома.
Историја
Во Отоманското Царство Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 90 жители Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во селото Стар Чифлик имало 60 жители, сите Македонци.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Стар Чифлик имало 144 Македонци под патријаршијата.Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.182-183.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стар-Чифлик се води како чисто македонско село во Костурската Каза на Горичкиот Санџак со 10 куќи.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 8 жители.
Во 1920 г. селото е запишано со 7 жители. Поради малобројноста на жителите, во натамошните пописи како населба не се споменува.
Културни и природни знаменитости Цркви Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од XVII век
Наводи
Категорија:Историски села во Костур