Палмеш (, Кастануса; до 1926 г. Πάλμες, Палмес) — село во Валовишко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци муслимани.
Географија Селото се наоѓа во северните пазуви на планината Круша.
Историја Во Отоманското Царство Палмеш изборно се наоѓало во јужното подножје на Беласица. Мештаните претходно биле христијани, кои го примиле исламот во немирни години за да се заштитат.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Палмеш (Палмешъ) било село со 1.150 Македонци муслимани.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 1.047 жители, а во 1920 г. во него се попишани 988 лица.
Во 1924 г. жителите, како муслимани, се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти. Во 1928 г. селото е претставено како чисто дојденско со 512 жители (144 семејства).
След Втората светска војна Палмеш е преместен на југ, јужно од железницата.
Во 1940 г. населението пораснало на 829 жители. Тоа настрадало во Граѓанската војна и било повлечено во полските села. По војната дел од жителите се вратиле во Палмеш. Нешто подоцна од стратешки причини (како погранично место), селото било повлечено 3 км појужно, во новоизградени куќи близу железницата.
+ Месности во Палмеш преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Прокритес Маала Προκρίτες Μαχαλάς Ерипија Прокритон Ερείπια Προκρίτων урнатините на старото село Фундуклук Φουντουκλούκ Лептокариес Λεπτοκαρυεςмесност на Круша Ј од Палмеш Дова Тепе Στενά Δοβά Τεπέ Дијавасис Кастанусис Διάβασις Καστανούσσηςвозвишение на Круша (394 м) ЈИ од Палмеш и теснец меѓу Круша и Беласица И од Палмеш Ах Чешме Άχ Τσεσμέ Аспри Вриси Άσπρη Βρύσηизвор С од Палмеш Капер Κάπερ Ризомата Ριζώματαмесност на ССИ од Палмеш Бубалук Каја Μπουμπαλούκ Βαγιά Сидироврахос Σιδηρόβραχοςмесност на Беласица на ССИ од Палмеш
Население
Наводи
Категорија:Синтика