Вермонт () — сојузна држава во североисточниот дел на САД. Главен град е Монтпилиер.

Вермонт се наоѓа во областа Нова Англија, на северозападната страна на САД. По големината на површината Вермонт по ред е 43-та држава во Америка со . Населението во Вермонт според пописот во 2010 година изнасува 643,503 жители и е втората најмала земја во САД, поголема е само од Вајоминг. Ова е единствената држава на Америка која не се граничи со Атлантскиот Океан. Езерото Шамплејн ја зафаќа половината од западната граница на Вермонт, кој ја дели границата со Њујорк. На југ Вермонт се граничи со Масачусетс, на исток со Њу Хемпшир, на запад со Њујорк и на север со канадската провинција Квебек.

Вермонт бил населен од две поголеми Американски племиња (алгонкинско племе кое зборувало на јазикот Абенаки и племето Ироквис), поголемиот дел од територијата на денешен Вермонт била освоена од Франција во раниот колонијален период и влегла во составот на Нова Франција. Многу години, блиските колонии, особено Њу Хемпшир и Њујорк, ја имале контролата врз територијата (тогаш се нарекувала Њу Хемшир Грантс). Доселениците кои живееле на таа територија се избориле и создале една независна држава – Република Вермонт. Таа била создадена во 1777 година за време на Револуционерната војна и постоела четиринаесет години. Вермонт е една од седумнаесетте американски држави (заедно со Тексас, Хаваи, Република Калифорнија и секоја од Тринаесетте колонии) која имала монархистичка влада. Во 1791 година Вермонт им се придружил на Соединетите Американски Држави како четиринаеста земја, прва која била надвор од Тринаесетте колонии. Таа не го поддржувала ропството додека била независна и по влегувањето во Унијата станала првата земја која го направила тоа.

Географијата на државата е обележана со Зелените Планини, кои се протегаат од север-југ до средината на државата, одвојувајќи го езерото Шамплејн и другите долински терени на запад од долината на реката Конектикат што дефинира голем дел од нејзината источна граница. Поголемиот дел од нејзиниот терен е пошумен со тврдо дрво и четинари. Државата има топли, влажни лета и студени, снежни зими.

Економската активност на Вермонт од 40,6 милијарди долари во 2022 година се рангирала на последното место на списокот на држави и територии на САД по БДП, но на 21 место по БДП по глава на жител. Позната по својот прогресивизам, државата била една од првите во САД што ги признала истополовите граѓански заедници и бракови, има највисок процент на производство на електрична енергија од обновливи извори со 99,9%, и е една од најмалку религиозните и најмалку расно/етнички различни државите. Млекарството, шумарството, јаворов сируп и виното се важни сектори во земјоделската економија на Вермонт. Вермонт произведува приближно 50% од националниот јаворов сируп.

Географија

Вермонт се наоѓа во регионот на Нова Англија, источниот дел на Америка и зафаќа , со што е и 45-та земја во САД по должина. Копното зафаќа а водата и со тоа Вермонт е 43-та по ред за најголема површина на копното и 47-ма според површината на водата. Таа е единствената држава која нема згради повисоки од 38 метри"Burlington high rise gets facelift", Burlington Free Press.. Заедно со водата и копното Вермонт е поголем од Ел Салвадор а е помал од Хаити. Вермонт е најмалата земја која е опколена со копно. Географскиот центар на Вермонт е Вашингтон, 5 км источно од Роксбури.

Потеклото на името Вермонт не е познато со сигурност но најверојатно доаѓа од францускиот les Vert Monts што во превод значи „Зелените Планини“. Томас Јонг почнал да го употребува тоа има во 1777 година. Некои велат дека планините се наречени зелени бидејќи тие биле повеќе покриени со шума за разлика од Белите Планини во Њу ХемпширVermont v. New Hampshire и Адирондак во Њујорк. Веригата на Зелените Планини формира таканаречен „’рбет“ од север кон југ, преку целата земја и го зафаќа најголемиот дел од државата, и во средината има блага свиеност кон запад. На југозападниот дел на државата се наоѓаат Таконските Планини; Границките Планини се на североисточната страна. На северозапад, близу до езерото Шамплејн, е богатата долина Шамплејн. На југ од долината се наоѓа езерото Бомосин.

Вермонт има 14 окрузи. Само две од нив Лемил и Вашингтон целосно се опколени со територија на Вермонт. Неколку планини имаат шумски појас со деликатен целогодишен алпинистички екосистем, вклучувајќи ги планините Маунт Менсфилд, највисоката планина во државата, Килингтон Пик, втората највисока планина, Камелс Хамп, третата највисока и Маунт Абрахам со петтиот највисок врв. Околу 77 проценти од земјата е покриена со шума а остатокот е покриен со пасишта, висорамнини, езера, вештачки езера и мочуришта.

Некои области на Вермонт како што се Мраш – Билингс Рокфелер Национално Историски Парк (во Вудсток) и Апалациската Национална Живописна Патека се дел од Националниот парк на Вермонт.

Најголеми градови Вермонт има десет инкорпорирани градови. Најнаселен град во Вермонт е Берлингтон. Нејзиното метрополитенско подрачје е исто така најнаселено во државата, со проценка од 225,562 заклучно со 2020 година.

Клима

Вермонт има влажна континентална килма, со топли, влажни лета и ладни зими. Вермонт ја има Кепеновата климатска класа која е слична со онаа на Минск, Стокхолм. Средната годишна температура за државата е 6 степени.

Вермонт е познат по својата врнежливост во пролет, проследено со генерално вражно и рано лето, топол август, разнобојна есен и особено студените зими. Руралниот североисточен дел во зима често доаѓа до 5.56 степени целзиусови пониска температура за разлика од јужните делови на земјата. Годишниот просек на паѓање снег изнесува меѓу 153см и 254см зависно од надморската височина. Годишната просечна температура на Вермонт изнесува 6 степени целзиусови. И со тоа тој е седмата најстудена земја во Соединетите Американски Држави.

Во есен, како што полека почнува да доаѓа зимата, ридовите на Вермонт се обоени со црвена, портокалова и златна боја на јаворовата шума. Највисоката температура измерена во Вермонт е 41 степен целзиусов во гратчето Вернон на 4 јули 1911 година, додека најниската измерена температура е -46 степени целзиусовиво Блумфилд на 30 декември 1933 година; ова е најниската температура измерена и во Нова Англија (Големата Црна Река, Мајна исто така измери -46 степени целзиусови во 2009 година). Земјоделската сезона не ограничува на 0 до 120 до 180 дена. Државата добива помеѓу 2.200 и 2.400 сончеви часови годишно. Нова Англија како целина добива опсег од помалку од 2.000 сончеви часови во дел од Њу Хемпшир до дури 2.600 сончеви часови годишно во Конектикат и Род Ајленд

Климатските промени во Вермонт ги опфаќаат последиците од климатските промени, припишани на антропогените зголемувања на јаглерод диоксидот во атмосферата.

Државата веќе ги гледа последиците од климатските промени кои влијаат на нејзините екосистеми, економијата и јавното здравје. Според државната влада, врнежите значително се зголемиле во последните 50 години, бурите и поплавите се зголемиле, а зимите станале потопли и пократки. Овие промени се одразиле на индустријата за зимски туризам, и предизвикале пад на критичните земјоделски и шумски индустрии како што е јаворов шеќер. Државата отворено признава и развива програми кои реагираат на глобалното затоплување. Вермонт била една од првите држави во САД што ги усвоила целите за емисиите на стакленички гасови во 2006 година.

Геологија

Постојат пет физиографски подрачја во Вермонт . Категоризирани според геолошките и физичките атрибути тие пет подрачја се: Североисточните Високи земји, Зелените планини, планините Таконик, низините Шамплејин и Вермонт Пиедмонт.

Пред околу 500 милиони години Вермонт бил дел од Лаурентија и бил сместен во тропските предели. Средишната и јужната верига на Зелените Планини ги вклучува најстарите карпи во Вермонт, настанати пред околу милијарда години за време на првото настанување на планините (или орогенија). Подоцна, пред околу 400 милјарди години, вториот период на настанување на планините ги создале врвовите на Зелените Планини кои биле со 14.600 – 6.100 м надморска височина, три или четири пати ниваната моментална височина е споредувана со Хималаите. Геолошките притисоци што ги создале тие врвови останале познати како Шамплејнови Притисоци, движејќи се од север до југ, на исток од планините (сега источно крајбрежје на езерото Шамплејн). Како резултат на тектонското формирање, делот од Вермонт кој се наоѓа источно од Зелените Планини е составен од карпи кои настанале во силурскиот и девонскиот период. Западен Вермонт е настанат претежно од постариот материјал Пред-Камбриум и Камбриум. Некои згради кои се изградени во Германија, Хонгконг и Абу Даби најпрво се конструирани од гранитот кој го има во Вермонт. Постојат осум различни бои на гранит кои ги има во Вермонт вклучувајќи ги: сива, светкаво бела, галактички сина, нежно розова, американско црна, гарденикова бела, лаурентијанова розова и сива. Остатоците од Чези настанокот можат да бидат видени на островот Ла Мот. Тој бил еден од првите тропски гребени. Тоа е страната на каменот варовник Фик Квари, кој се состои од антички морски фосили како што се стоматопороидите. Тие фосили датираат уште од пред 200 милијарди години. Се верувало дека во некоја точка Вермонт бил поврзан со Африка и дека фосилите и карпите пронајдени на бреговите на Африка и Америка се понатамошен доказ на теоријата на Панагија.

Во минатите четири векови, Вермонт искусил неколку змејотреси чиј епицентар ретко се наоѓал на територијата на Вермонт а најсилниот од нив бил во 1952 година со јачина од 6.0 степени според Рихтеровата скала.

Природознание Вермонт претежно е составен од мешани шуми. Поголемиот дел од државата, особено Зелените Планини, се покриени со зимзелени дрвја и со северно тврдо дрво. Западната граница со Њујорк и областа околу езерото Шамплејн лежи во Источните Големи Езера на низинска шума. Југозападниот агол на државата и делови од реката Конектикат се покриени со североисточна крајбрежна шума од мешан даб.

Државата содржи 41 вид на гуштери и водоземни животни, 89 видови на риба, од кои 12 не се домашни туку се донесени од странство, 193 видови на птици, 58 видови на цицачи, повеќе од 15 000 видови на инсекти и 2.000 високо растежни растенија, плус габички, алги и 75 различни видови на природни заедници.

Во средината на 19 век, дивите гуски биле исфрлени од земјата со лов и со уништување на живеалиштата. Шеснаесет гуски биле повторно започнати да се одгледуваат во 1969 година и имале пораст од 45.000 во 2009 година. Во 2013 година, ловците убиле 6.968 од нив Од 1970 година, намалувањето на фармите резултирало со намалена животна средина и намален број на птици вклучувајќи ги и Американскиот вудкок, кафеавиот трашер и други.Орелот-рибар, чии јајца претходно биле оштетени од ДДТ, почнал повторно да се појавува во 1998 година и до 2010 година, повеќе не биле загрозени во државата Синдромот бел-нос убил речиси две третини од сите лилјаци кои се наоѓале во државата од 2008 до 2010 година. памучното опавче од Нова Англија, надминато од флоридскиот зајак и бумбарот со жолта лента, како еден од 19-те видови пчели во опаѓање.

Многу од реките на Вермонт, вклучувајќи ја и реката Винускај, се со регулирани корита со цел да се избегнат поплави.

Историја Предколонијален период

Првите луѓе што го населиле денешен Вермонт пристигнале пред околу 11.000 години, кога ледниците од последното ледено доба се повлекувале. Мали групи ловци-собирачи следелестада карибу, елен и мастодон низ пасиштата на долината Шамплејн. Во тоа време голем дел од регионот бил мешана тундра. Најстарите човечки артефакти се проектили стари 11.000 години пронајдени долж источниот брег на Шамплејн. Ова време е познато како палео-индијански период.