Љутви Лола Сејфула (турски: Lutfu Seyfullah; Скопје, - Скопје, ) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Животопис Сејфула е роден во Скопје на 15 јануари 1926 година. Во Турската драма на Театарот на народностите во Скопје е од 1950 до пензионирањето во 1985 година. Учествувал и во повеќе филмски и телевизиски проекти во Македонија и во Турција. Автор е на неколку пиеси играни на сцената на матичниот театар. Неговите сценски ликови, особено во комедиите, силно се вклопени во општиот уметнички развој на Турскиот театар во Скопје.
Улоги Каја („Алош“), Митке („Коштана“), Јеротие („Сомнително лице“), Аргон („Вообразен болен“), Градоначалникот („Ревизор“), Скапен („Ѓаволштините на Скапен“) и др. Обрачун (1962, Споредна улога) Волшебното самарче (1975, Главна улога) Најдолгиот пат (1976, Споредна улога) Итар Пејо (1977, Главна улога) Курирот на Гоце Делчев (1979, Споредна улога) Илинден (1982, Главна улога) Јужна патека (1982 Споредна улога) Македонски народни приказни (1986, Споредна улога) Еурека (1989, Главна улога) Џипси меџик (1997, Главна улога)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Глумци од Скопје Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски Турци Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци