Бајерсброн (герм. Baiersbronn) — општина и гратче во округот Фројденштат во покраината Баден-Виртемберг, јужна Германија. Местото се наоѓа во областа Шварцвалд, на реката Мург. Иако е мало, местото е прочуено по неколкуте првокласни ресторани, наградени со Мишленови ѕвездички.
Бајерсброн административно се дели на следниве девет села:
Бајерсброн Фридрихстал Хуценбах Клостеррајхенбах Мителтал Обертал Рет-Шенегринд Шенминцах-Шварценберг Тонбах
Во неговиот сегашен облик, Бајерсброн е образуван во 1960-тите и 1970-тите со здружување на пет општини. Главната стопанска гранка во местото е туризмот.
Бајерсброн е збратимен со Мидхерст во Западен Сасекс, Англија. Позначајна знаменитост во регионот е Рајхенбашкиот приорат, средновековно манастирско здание во Клостеррајхенбах.
Ресторани Во 2007 ресторанот „Барајс“ (Bareiss) на Клаус-Петер Лумп станал вториот угостителски објект во Бајерсброн кој има заработено три Мишленови ѕвездички. Соседниот ресторан „Шварцвалдштубе“ (Schwarzwaldstube) на Харалд Волфарт добил три ѕвездички во 1993 г.
Галерија
Наводи
Категорија:Градови во Баден-Виртемберг Категорија:Виртемберг