Еврејската историја ја вклучува историјата на еврејскиот народ, вера и култура. Еврејската историја покрива период од речиси шест илјади години од времето кога била основана оваа религија.
Античка историја
Древни Израилци 250px|thumb|right|Храмот на Соломон
Првите два периоди од историјата на Евреите, главно започнува со народот кој се населил во областа помеѓу реките Нил од источната страна и Тигар и Еуфрат од друга страна. Оваа териоторија била опкружена со древни места на египетската и вавилонската култура до пустините на Арабија, Анадолија односно Мала Азија, Хананските области (подоцна познати и како Израел, а потоа, во различни времиња, како Коел-Сирија, Јудеја, Палестина, Левант, Светата земја, и, на крај како што е и денеска, Израел), односно место каде што во текот на историјата опстојувале едни од најголемите цивилизации на светот. Низ ова земја поминувале едни од најважните трговски патишта. Ова е еден од факторите кои покажуваат колку секоја цивилизација го посакувала овој регион.
Традиционално се смета дека евреите низ целиот свет своето потекло го имаат од древните Израилци, кои се населиле во земјата Израел. Израилците сметаат дека се директни потомци на библиските пророци Авраам, Исак, Јаков и Ебер. Евреите исто така сметаат дека Израилците се потомци на дванаесетте синови на Јаков (од кои едниот бил наречен Јуда), кои се населиле во Египет. Додека бил во Египет, нивните потомци биле поробени од страна на египетскиот фараон, познат како Рамзес II. Според еврејската традиција, Израилците емигрирале од Египет кон Ханан (Излез), и истите биле предводени од страна на пророкот Мојсеј. Овој настан го одбележува формирањето на Израилците како нација, сепак поделени на дванаесет племиња именувани по дванаесетте синови на пророкот Јаков.
Исто така, спред еврејската традиција и Библијата (Битие Летописи II) кажува дека Израилците талкале во пустината четириесет години по кое тие го покориле Ханан под команда на Исус Навин. Сите дванаесет племиња биле предводени од страна на владетели кои се познати како Судии на Израел или Библиски судии. Подоцна, од страна на еден израелец под името Саул било формирано првото Израелско-јудејско кралство, кое под раководство на кралот Давид и неговиот син, Соломон го доживеало најголемиот расцут. Царот Давид го освоил Ерусалим и го направил своја престолнина. Синот на Давид, Соломон го изградил познатиот Храм на Соломон. По смртта на Соломон, нацијата се поделила на две царства, Израелско царство составено од десет племиња (на север), и Јудејско царство, кој се состоело од племињата Јуда и Венјамин (на југ). Израел бил освоен од страна на асирскиот владетел Салманасар V, во 8 век п.н.е..
Вавилонско ропство
Царството во текот на 6 век п.н.е. било освоено од страна на вавилонската армија. Јудејскиот народ бил прогонет од Вавилонија, но подоцна барем дел од нив повторно се вратиле во својата татковина, предводени од пророците Езра Немија, односно по освојувањето на Вавилонија од страна на Персија. зороастризмот била прогласена за државна религија во Персија. Денеска, причината за развојот на јудаизот поради големото влијание на зороастризмот е предмет на дебата помеѓу некои научници.
Пост-заточен период
Изградба на Вториот ерусалимски храм бил завршен, со одобрение на персиските власти, во времето на последните три еврејски пророци Агеј, Захарија и Малахија. По смртта на последните еврејски пророци, еврејскиот народ бил раководен од страна на пет последователни генерации, а овој период од историјата на евреите се нарекува Зугот. Како резултат на тоа биле формирни политички движења на Фарисеите и Садукеите. По падот на Персија, областа влегла во периодот на еленистичката ера.
Хеленски јудаизам
Јудаизмот паднал под влијание на хеленистичката култура во текот на 3 век п.н.е. Ова посебно се однесува на еврејската дијаспора во Александрија. Најголем теолог од оваа епоха е Филон Александриски.
Хасмонејско Царство
Персијците доживеале пораз од страна на Александар Македонски. По неговата смрт, како и поделбата на Александровата империја помеѓу неговите генерали, била формирана Селеуцидската империја. Влошените односи помеѓу хеленските евреи и верските евреи довеле кралот Антиох IV Епифан да забрани одредени еврејски учења у верски ритуали. Ова довело до избувнување на бунт кој на крајот довел до формирање на независно еврејско царство, познато како Хасмонејско Царство, кое постоело од 165 п.н.е. до 63 п.н.е.. Царството на крајот се распадна помеѓу потомците и истомислениците на Салома Александра, Иркан II и Аристовулос II. Во следните години престојувало заземањето на овие територии од страна на Рим.
Римско Царство
Римско управување 250px|thumb|right|Разрушување на храмот Во почетокот, јудејските територии не паднале целосно под власта на Рим. По заземањето на овие територии, местто било претворено во римска провинција. Во 66 година, евреите организирале бунт против римските владетели од Јудеја. Востанието било задушено од страна на Веспазијан и Тит. Во Опсадата на Ерусалим во 70 година, Римјаните го уништиле поголемиот дел од Ерусалимскиот храм и, според некои кажувања, ограбиле многу важни артефакти од еврејската историја, како на пример менората. Евреите во римската провинција продолжиле да живеат во значителен број, сè до 2 век, кога Јулиј Север во втората јудејо-римска војна го задушил востанието на Симон бар Кохба. Во текот по војната, 985 села биле целосно уништени и поголем дел од еврејското население од централната Јудеја во суштина било збришено, убиено, продадено во ропство или прогонето. Прогонето од Ерусалим, евреите се засолниле во Галилеја.
Голем дел од јудејските евреи биле продадени во ропство, но голем дел од евреите останале во деловите на Римското Царство. Во книгата Дела Апостолски во Новиот завет е запишано за безбројните еврејски прогони од различни делови на светот.
Крајот на римскиот период
И покрај неуспехот на востанието на Симон бар Кохба, евреите останале во Израел во голем број, поминувајќи низ голем број на конфликти и недоразбирања помеѓу нив и римјаните.
Во овој период се појавиле поголем број на верски учења како танаизам и амораизам. Во 351 година, во Ципори еврејската популација организирала востание против владеењето на Констанциј Гал, кое било крваво задушено. Според традицијата, во 359 година, Хилел II го создал хебрејскиот календар заснован на месечевата година. Последниот пагански римски цар, Јулијан II, им дозволил на евреите да се вратат во "Светиот Ерусалим". Евреите копнееле за онова на храмот, но Јулијан II бил убиен во битката против Сасанидското Царство, со кое пропаднала шансата за обнова.
Среден век
Византија
По распаѓањето на Римското Царство, еврејската популација бргу се распространила на територијата на новото Источно Римско Царство познато како Византија. Нивната положба драстично се влошила во периодот кога христијанството било признаено за официјална религија во Византија од страна на Константин I Велики по укажениот Милански едикт. Голем дел од еврејското население било принудено да го прифати христијанството односно да се христијанизира. Во 351 година, евреите, револтирани од големите притисоци, организирале востание против гувернерот по име Гал во Галилеја. По задушувањето на револтот, голем број на градови во Галилеја биле уништени. Градовите Ципори и Лида никогаш не се обновиле повторно.
Во почетокот на 5 век, императорот Теодосиј I наложил збир на официјални декрети кои главно биле насочени против Евреите. На евреите не им било дозволено да имаат приватни робови, изградба на нови синагоги, да работат во јавна администрација и слично. Брак помеѓу Евреин и верник на друга религија не бил дозволен. Теодосиј, освен тоа, го укинал и Синедрионот. Во времето на императорот Јустинијан I, граѓанските права на евреите Cod., I., v. 12, како и религиозните привилегии уште толку биле намалениProcopius, Historia Arcana, 28. На евреите им било забрането да градат сингога|синагоги Nov., cxlvi., Feb. 8, 553, да го употребуваат хебрејскиот јазик. За непочитувањето на овие работи следувало или прогонство или одземање на имотот. Евреите во Бориум, кои се противиле на Велизар во неговиот поход против Вандалите, биле принудени да го прифатат христијанството и нивната синагога била претворена во црква.Procopius, De Aedificiis, vi. 2
Несигурната егзистенција на евреите под византиска власт не траела многу долг временски период, ако се има предвид муслиманското освојување на Арапскиот полуостров и нивното зазимање на Светата земја (или Левант, од кој денеска постојат следните земји: Израел, Јордан, Либан и Сирија) по Битката кај Јурмук во 636 година.
Сепак, Византија не била доволно силна да се справи со целосното христијаниззирање на евреите во Анадолија.G. Ostrogorsky, History of the Byzantine State Точната слика на статусот на евреите во Мала Азија за време на византиското владеење од страна на некои историчари се истражува до ден денес. Иако има некои докази за повремено непријателство од страна на византиското население и органи, сепак тие не се доволни.The Oxford History of Byzantium, C. Mango (Ed) (2002). По освојувањето на Цариград од страна на Мехмед II во 1453 година, голем дел од еврејското население не го напуштило градот.
Малку порано, во текот на 7 или 8 век, Хазарите, туркиски народ кои во почетокот живееле покрај крајбрежитето на Дагестан и делтата на реката Волга, го прифатиле јудаизмот како своја религија. Влијанието и новата опасност на Византија од страна на муслиманските земји довело до некаква корист за еврејското население на тие простори. По создавањето на Киевска Рус, Хазарите исчезнале односно биле претопени во друг народ.
Исламски и крстоносни периоди
Како дел од дијаспората, голем број на евреи се населиле на Арапскиот Полуостров, односно надвор од територијата која била управувана од страна на Римската држава. Состојбата на евреите под муслиманска власт на моменти била многу нестабилна. Тие биле прогонети од западниот дел на Арабија веднаш по смртта на пророкот Мухамед во средината на 7 век.
И покрај тоа, евреите контролирале голем дел од трговијата во Палестина и самиот пакт наречен Дхими се одржал одредено време и покрај одредени ограничувања против движењето. На полето на културата, Евреите продолжиле да напредуваат. Некудот се смета дека бил измислен во Тиберија во ера на Исламскиот калифат. Верската дискриминација на Арапите довела до чести колежи од страна на христијаните. Во текот на 1099 година, во Првата крстоносна војна и Опсаата на Ерусалим во 1099 година, евреите заедно со муслиманите го бранеле градот од крстоносците. По нивниот неуспех, во градот се случил еден од најголемите масакри од историјата на Ерусалим. Голем број на муслимани и евреи биле или убиени или протерени од градот. Во времето на првата крстоносна војна, еврејски заедници постоеле во целата земја, вклучувајќи ги Ерусалим, Тиберија, Рамлех, Аскалон, Кесарија, Газа итн. По создавањето на Крстоносните држави, нивниот број значително се намаил.
Шпанија, Северна Африка и Блискиот Исток
Во текот на средниот век, евреите обично биле подобро третирани од исламските владетели за разлика од христијанските. И покрај тоа што биле сметени како граѓани од втор ред, евреите одиграле важна улога во муслиманските судови, посебно во периодот во 10 век и 11 век, односно златниот век од владеењето на муслиманите на територијата на ел-Андалус. Нормално, одвреме-навреме постоеле некои недоразбирања, но сепак истите биле решавани без големи немири. Немири имало повеќе на територијата на Северна Африка, односно во Мароко, Либија и Алжир каде евреите на крајот биле принудувани да живеат во гета.Maurice Roumani, The Case of the Jews from Arab Countries: A Neglected Issue, 1977, pp. 26-27.