Минатото определено несвршено време (МОНВ) во македонскиот јазик или познато и како имперфект е граматичко време кое македонскиот јазик го користи за искажување на минато засведочено дејство. Ова време се образува со шест различни наставки за личните заменки и за трите глаголски групи.
Образување
Минатото определено несвршено време се образува со додавање на наставки на соодветното лице. Наставките се додаваат на основната самогласка а кај глаголите од а-глаголска група и на основната самогласка е кај глаголите од е и и глаголска група. Наставките кои се користат за образување на ова време се:
еднина множина1.− в − вме2.− ше − вте3. − ше − а
Следува табеларен приказ на промената на три глаголи од трите глаголски групи во минато определено несвршено време:
а - глаголска група и - глаголска група е - глаголска групаЈасгледав ловев јадевТигледаше ловеше јадешеТој, таа, тоагледаше ловеше јадешеНиегледавме ловевме јадевмеВиегледавте ловевте јадевтеТиегледаа ловеа јадеа
Од самата промена на глаголите се гледа дека второто и третото лице еднина имаат иста наставка и дека основната самогласка кај глаголите од и-глаголска група преоѓа во е: лови −> ловев. Наставката -ја се јавува кај глаголите од е и и-глаголска група на кои општиот глаголски дел им завршува на самогласка, па така имаме: мие −> миеја, пее −> пееја итн.
Употреба
Минатото определно несвршено време се користи за искажување на засведочено дејство во одвивање или во траење. Ова значење се изкажува со формите од несрвшените глаголи.
Форми на минато определено несвршено време имаат и свршените глаголи (како на пример винев, кажев), но тие не се самостојни туку одат со сврзници како: ако, да, ќе и имаат други значења како на пример: услов, идност во минатото и слично.
Покрај основната употреба, ова време има и второстепени значења како:
услов блага заповед повторливост или вообичаеност готовност
Наводи
Поврзано
Минато определено несвршено време Граматика на македонскиот јазик Глаголи во македонскиот јазик Македонски јазик
Надворешни врски Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.
Категорија:Глаголски времиња во македонскиот јазик