Глаголите во македонскиот јазик сочинуваат сложена зборовна група. Според општата класификација, македонските глаголи се менлива група зборови и се обележани за следниве граматички категории: вид, време, начин, лице, род, број, залог и преодност.
Македонскиот јазик сосема го изгубил инфитивот и нема остатоци од него, за разлика од останатите словенски јазици каде е присутен, а додека пак во бугарскиот има инфинитивни остатоци. Старословенските партиципи во македонскиот биле изгубени или променети. Инфинитивните дел-реченици од останатите словенски јазици одговаат со да-конструкцијата или конструкција со глаголска именка. Сегашниот активен партицип во македонскиот се променил во глаголски прилог. Минатиот пасивен партицип преживеал како глаголска придавка. Резултативниот партицип преживеал како глаголска л-форма (не е партицип бидејќи нема атрибутивна функција). Сегашниот пасивен партицип преживеал во одредени изолирани случаи (остатоци) како на пример зборот „лаком“. Минатиот активен партицип преживеал само во зборот „бивш“.
Поделба на глаголи Како резултат на исчезнувањето на инфинитивот во македонскиот јазик, македонските глаголи се делат на три големи групи според последната самогласка во трето лице еднина од сегашното време: а-група, и-група и е-група. Глаголот „сум” е единствениот глагол чија форма за трето лице еднина сегашно време не завршува на самогласка и затоа се смета како исклучок.
Понатаму, глаголите се делат според видот на несвршени глаголи (зборува, оди, пие итн.), на свршени глаголи (зароби, дојаде итн.) и на двовидски глаголи (најчесто глаголи што завршуваат на -ира: акумулира, се консултира итн.). Видот е граматичка и лексичка категорија од исклучително значење за оваа зборовна група. Според неа се одлучува во кое време и на кој начин ќе се менува еден глагол. Свршените глаголи од и-групата и е-групата се делат на три, односно на четири раздели според основната самогласка во првото лице еднина од минатото определено свршено време (аорист).
Иако во традиционалната лингвистика глаголските времиња и начини се единствени категории за групирање на глаголските форми, во македонската граматичка традиција најпрвин се изучуваат простите, а потоа сложените глаголски форми. Според тоа, во македонскиот јазик ги имаме следните времиња и начини:
прости глаголски форми сегашно време минато определено несвршено време минато определено свршено време заповеден начин глаголска л-форма глаголска придавка глаголска именка глаголски прилог
сложени глаголски форми минато неопределено несвршено време минато неопределено свршено време предминато време идно време минато-идно време минато прекажано можен начин има-конструкција сум-конструкција
Прости глаголски форми Сегашно време
Сегашното време се користи за изразување дејства кои се одвуваат во сегашноста и дејства кои се преклопуваат во моментот на зборувањето. Во македонскиот јазик сегашното време се изразува со несвршени глаголи. Теоретски, сегашна конструкција може да се направи и од свршени глаголи, но значењето не е сегашно, туку минато-идно. Покрај основното значење, со формите на сегашното време може да се искаже и:
минати дејства - формата е иста, но значењето е поврзано со минатото. Ова најчесто се сретнува кога се прераскажува приказна или настани. идни дејства - формата е иста, но значењето е идно. Овие се однапред планирани дејства или распоред на настани. општи факти - изразување на општо знаење или факти кои се секогаш исти. рутини и навики подготвеност и дејства кои се одвиваат истовремено - подготвеност да се изврши некое дејство и дејства кои се одвиваат истовремено.
Формите на сегашното време се создаваат со додавање на наставки на глаголот. Во прилог следуваат наставките за сегашно време, заедно со конјугација на некои од глаголите:
Конјугацијата на некои глаголи изгледа вака:
а-разделгледа и-разделноси е-разделјадеЈасгледамносам јадамТигледаш носиш јадешТој, таа, тоагледаноси јадеНиегледаменосиме јадемеВиегледате носите јадетеТиегледаатносат јадат
Примери за некои од употребите на сегашното време: Јас јадам леб. Додека тој јаде, ти чисти ја собата. Автобусот за Скопје тргнува во 5 часот. Ако ја грееш водата, таа врие. Секој ден јас гледам сериски филм.
Минато определено свршено време
Минатото определено свршено време или аорист е глаголска форма која се користи да се изрази минати завршени и заокружени дејства, со или без учество на зборувачот. Должината на дејството изразено со ова време може да е кратко или долго. За формирање на минатото определено свршено време се користат глаголи од свршен вид, но понекогаш и многу ретко се користат глаголи од несвршен вид, најчесто во народниот говор. Покрај тоа, ова време се користи за искажување и на:
идни настани - формата е иста, но значењето е идно , често блиска иднина. услов - минат услов. општи факти - ретко се користи, најчесто во изреки.
Некои примери за аористот се:
Ние прочитамве книга. Го положив ли испитот, те честам пијачка. Една вечер спав надвор
Во прилог следува конјугација на глаголи од сите раздели и подгрупи:
а - глаголска групапрочита и - глаголска групаи-раздел: прати и - глаголска групае-раздел: оздрави и - глаголска групаа-раздел: издржиЈаспрочитав пративоздравев издржавТипрочита прати оздраве издржаТој, таа, тоапрочита прати оздравеиздржаНиепрочитавме пративме оздравевме издржавмеВиепрочитавте пративте оздравевте издржавтеТиепрочитаа пратијаоздравеа издржаа
е - глаголска групаа-раздел: стане е - глаголска групае-раздел: сотре е - глаголска групао-раздел: дојде е - глаголска групараздел без самогласка: измиеЈасстанав сотрев дојдов измивТистана сотре дојдеизмиТој, таа, тоастанасотредојдеизмиНиестанавме сотревме дојдовме измивмеВиестанавте сотревте дојдовте измивтеТиестанаа сотреа дојдоа измија
Минато определено несвршено време
thumb|right|300px|Графички приказ на три најчести употреби на имперфектот. Во сина боја е минатото засведочено дејство, во црвена е минатото повторливо дејство, а во зелена е условното минато дејство.
Минатото определено несвршено време или импрефект е глаголска форма која се користи за искажување минати дејства каде зборувачот е сведок или зел учество во дејството. За искажување такви дејства се користитат глаголи од несвршен вид. Сепак, постои можност за изразување на дејства со свршени глаголи, но секогаш таквите глаголи се протходени од ако, да или ќе. Важно е да се напомене е дека со свршените глаголи се искажува условен начин, минат-иден или друг аспект, но не засведочено минато дејство. Покрај основното значење на имперфектот, со времето се искажува и:
условен начин слаба наредба минати дејства кои биле повторувани некој период подготвеност
Некои пример за имперфектот се: Јас ловев зајаци. Ако не брзаше, ќе немаше грешки. Да ми помогнеше малку? Секој ден стануваше во 7 часот и правеше кафе.
Во прилог следува конјугација на глаголи од сите раздели: а - глаголска група и - глаголска група е - глаголска групаЈасгледав ловев јадевТигледаше ловеше јадешеТој, таа, тоагледаше ловеше јадешеНиегледавме ловевме јадевмеВиегледавте ловевте јадевтеТиегледаа ловеа јадеа
Заповеден начин
Основна функција на заповедните форми се давање заповед, наредба или забрана. Покрај овие првостепени значења, заповедните форми можат да искажат и: повторливост во минатото севременост, пр. Двапати мери, еднаш сечи. услов, пр. Покажи му малку страв и веднаш ќе те нападне. личен став, пр. Види го ти него, знае и да навредува!
Заповедните форми за второто лице еднина и множина во македонскиот јазик се образуваат преку: користење на наставките - ј за еднина и - те за множина за глаголите од е и и групата. Кај а групат наставките се додаваат на основната самогласка, додека од е и и групата на општиот дел од глаголот. пр: гледа - гледај, пие - пијте, стои - стој користење на наставките -и во еднина и -те во множина кај глаголите од е и и групата. Наставката -и се додава на општиот дел од глаголот, додека наставката -те на основната самогласка. пр: каже - кажи, молчи - молчете
При искажување на заповеден начин со негативно значење, тогаш се употребуваат зборовите не, немој, немојте и да конструкцијата пред глаголот. Во негативните форми најчесто се користат несвршените глаголи. пр: не оди, немој да одиш
Овие негативни форми имаат значење на забрана, ако се користат свршени глаголи тогаш значењето е во вид на закана или забрана. пр: Не појди, па ќе видиш!
Од некои глаголи не може да се образи заповеден начин како што е на пример глаголот може и други слични на него.
Глаголска л-форма
Името на простата глаголска л-форма е добиено по карактеристичната наставка -л. Оваа глаголска л-форма има промена само по род и по број.
Кај глаголите од а-група постои само една форма како на пример „копал“. Глаголите од е-група и и-група често образуваат по две л-форми како на пример „станал/станел“ или „паднал/паднел“. Од примерите може да се дојде до заклучок дека постојат свршени и несвршени л-форми од несвршени и свршени глаголи. Едната л-форма изразува свршено дејство (пр. станал) додека другата несвршено дејство (пр. станел).
Според образувањето на л-формата се изделуваат глаголи од е-група со о-раздел. Тука се јавуваат: редување на согласки - пр. текол, течел испуштање на самогласки -пр. текол, текла скратување - пр. јадел, јал неправилно образување - пр. дојдел, дошол
Во однос на употребата се изделуваат несвршени л-форми од свршени глаголи (пр. дојдел). Тие не се самостојни туку одат со некои сврзници и партикули како на пример со ако, да ќе и слично. Така се образува фраза „ако дојдел“, а не „јас дојдел“. Покрај основната функција, со оваа глаголска форма се градат и одредени сложени глаголски форми како на пример минато неопределено време, предминато време, идно прекажано време и можен начин.
Глаголска придавка
Формите на глаголската придавка се образуваат со наставките: -и, -на, -ни и -т, -та, -то, -ти. Со наставката -т се образуваат глаголски придавки од глаголите со општ дел на н и се додаваат на основните самогласки а и е. пр. викне - викнат, легне - легнат, падне - паднат.
Освен глаголите од а-група, основната самогласка а е застапен и кај некои глаголи од е-група, како на пример скине - скинат, и од и-група како на пример задржи - задржан. Покрај тоа, основната самогласка е го имаат и и глаголите од е-група и и-група.
Од некои глаголи се образуваат по две глаголски придавки, како на пример: дере - дерен и дран, бере - берен и бран или пере- перен и пран. Со двојните форми обично се изкажува разлика во опфатеноста на дејството или признакот. Глаголската придавка има одлики и на глагол и придавка. Во промената се однесува како придавка и има форми за трите рода, дават броја и се членува, а според значењето и службата некогаш е поблиску до глаголот, а некогаш до придавката.
Во конструкции со помошните глаголи сум и има, глаголската придавка има глаголско значење: Поканети сме на гости. Бевме присутни на отворањето на изложбата. Баба ми има кажувано за тоа.
Ако глаголската придавка оди како определба на некоја именка, односно во атрибутска служба, таа има придавно значење (пр. развиорено знаме), а употребена самостојно таа може да се поименичи т.е. да стане именка како на пример во реченицата Минатото не може да се избрише. Во македонскиот јазик глаголските придавки се образуваат не само од преодните глаголи (викан, креп) туку и до непреодниоте глаголи (дојден, станат). Ова е една од покарактеристичните особини на македонскиот глаголски систем.
Глаголски прилог
Формите на глаголскиот прилог се образуваат од несвршени глаголи со додавање на наставката -јќи. Оваа наставка се додава на основната самогласка а кај глаголи од а-група и на основната самогласка е кај глаголи од е-група и и-група. Така на пример имаме „гледајќи“, „носејќи“, „миејќи“ и слично.