мини|десно|300п|Фовоовиот Проток (горе-десно) на карта на Стјуартовиот Остров. мини|десно|250п|Протокот во ретко мирна состојба. Фовоов Проток (; ) — проток кој го дели Стјуартовиот Остров од Јужниот Остров на Нов Зеланд. Долж северното крајбрежје на протокот се протегаат три големи залива: Те Ваевае, Орети и Тоетоес, каде што се наоѓа и гратчето Блаф. Преку протокот се сместени ненаселените Соландерови Острови, Стјуартовиот Остров и островот Руапуке. Протокот е долг околу 130 м (од Руапуке до Малиот Соландеров Остров), и се проширува (од 14 км кај Руапуке до 50 км кај заливот Те Ваевае) и се продлабочува (од 20 до 120 м) од исток кон запад. Фоовиот Проток е честопати бурен и опасен за пловидба, и постојат многу случаи на бродоломи и давења.
Првиот Европеец кој го открил протокот бил Овен Фолџер Смит, кој наишол на него во 1804 г. Протокот го носи името на Џозеф Фово, тогашниот управник-намесник на Нов Јужен Велс.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Протоци во Нов Зеланд Категорија:Саутленд Категорија:Стјуартов Остров Категорија:Крајбрежје на Нов Зеланд