Има-конструкција — едно од најголемите обележја на граматиката на македонскиот јазик и често од страна на граматичарите се смета за најегзотично обележје на македонскиот јазик и неговите говори во рамки на словенските јазици. Тоа е сложена глаголска форма која се образува со помош на помошниот глагол има или нема и глаголска придавка во среден род.
Образување
Сложената глаголска форма која се нарекува има-конструкција се образува со помош на помошниот глагол има или нема во негативна конотакција и со глаголска придавка во среден род. Така имаме: имам учено, имав учено, сум имал учено, ќе имам учено, немав учено и слично.
има/нема + глаголска придавка во среден род
Во различните форми на има-конструкцијата се менува само помошниот глагол, а глаголската придавка се сведува на именувач на глаголското дејство. Конструкциите со има претставуваат паралелни, синонимни и еден вид конкурентски форми на сите сложени глаголски форми во македонскиот јазик, времиња и начини.
Значење
Значењата на има-конструкциите се многу блиски со значењата на сложените форми во помошниот глагол сум, честичката ќе или би и често можат да се заменуваат едни со други, како на пример: имам гледано со сум гледал, имав гледано со бев гледал, ќе сум имал гледано со ќе сум гледал и слично.
Основна разлика меѓу има-конструкциите и другите сложени форми е во тоа што кај првите повеќе доаѓа до израз резултатот од вршењето на дејството, а кај сложените со сум, ќе или би повеќе се истакнува самото дејство.
Овие конструквции се карактеристични за македонскиот јазик и негоите говори, и покрај во македонскиот јазик можат да се најдат во околните несловенски јазици.
Наводи
Поврзано
Граматика на македонскиот јазик Глаголи во македонскиот јазик Македонски јазик
Надворешни врски Македонска граматика од Виктор Фридман. Граматика на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант. Македонска граматика од Круме Кепески.
Категорија:Глаголи во македонскиот јазик