Одоакар на германски, на латински Flavius Odovacаr, Odovacеr или Fl. Odovac (* околу 433; † веројатно на 15 март 493 во Равена) — еден западно римски офицер кој го срушил Западното Римско Царство. На 4 септември 476 годинаOdoacer (c. 433–493), The Free Dictionary (анг.) го симнал од престолот последниот западноримски цар Ромул Августул и станал првиот варварски крал на Италија, иако формално ја признавал власта на византискиот цар.

Падот на Западното Римско Царство Формален владетел на Западното Римско Царство бил Орест, чиј син Ромул Августул бил малолетен. Тој одбил да им додели земја на Херулите и на другите германски платеници, што довело до бунт на варварските платеници под водство на Одоакар. Тие брзо ја зазеле Равена, која била седиште на царот уште од 402 година.

Потпаѓање под Византија мини|300п|Солидот на Одоакар искован во име на царот Зенон. Парите ја потврдуваат формалната власт на Зенон над Одоакар. По симнувањето од престолот на Ромул Августул, Одоакар имал избор или да владее преку некој цар, кого би го контролирал, или да владее како клиент на византискиот цар. Одлучил формално да му ја врати царската власт на византискиот цар Зенон во Цариград. Царот Зенон го прогласил за воен командант (dux) на Италија и го ставил меѓу патрициите. Одоакар ковал златници во име на Зенон, со што покажувал дека ја почитува формалната власт на Византија. До 480 г. Јулиј Непот му бил формално легитимно надреден, а од 480 г. Одоакар се нарекува крал на Италија.

Војната со Остроготите Односите меѓу Одоакар и Византија се влоѓувале, најмногу поради тоа што Одоакар не се држел според постигнатите договори. Во 489 г. царот Зенон ги повикал Остроготите и Теодорих Велики да му помогнат, и тие се согласиле, и по 4-годишно војување, во 493 г. Одоакар ја изгубил Равена. Теодорих Велики го повикал на вечера и при тоа лично го убил со меч, па го презел целото кралство.

Наводи

Категорија:Западно Римско Царство Категорија:Европски монарси Категорија:Аријанство Категорија:Италијанци од 5 век Категорија:Платеници Категорија:Христијани од 5 век Категорија:Европски монарси од 5 век Категорија:Личности овековечени во споменикот „Валхала“ Категорија:Починати во 493 година