Рахим Бурхан (ромски: Rahim Burhan; , ) — македонски режисер.

Животопис

Бурхан е роден во Скопје на 24 ноември 1949 година. Тој е основач и раководител на Театарот на Ромите „Пралипе“ (на македонски „Братство“) во 1971 година во Скопје. Од 1991 година театарот „Пралипе“ соработува со театарот „Андер Рур“ во Милхајм, Германија. Режирал многу претстави како: „Не! Не“, „Божицата на виолината“ („Маутие“), „Крвави свадби“, „Бибахтали“ („Несреќа“), „Соске“ („Зошто“), „Тхагар Едип“ („Кралот Едип“), „Орестија“, „Отело“, „Јерма“, „Ѕидот, водата“ и други. Живее во Нојс, Германија.

Наводи

Надворешни врски Интервју со Бурхан Глобус магазин Website des Theater an der Ruhr Website von Pralipe Germanistisches Magazin der Universität Szeged über Pralipe (2006)

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски Роми Категорија:Македонски режисери