Плоштадот Таксим (турски: Taksim Meydanı) се наоѓа во градот Истанбул, Турција, на европската страна на градот помеѓу Златниот Рог и Босфорот. Овој плоштад е еден од најпознатите во градот, покрај кој се наоѓаат голем број на ресторани, продавцници, хотели и слично. Во центарот на плоштадот се наоѓа познатиот споменик Кумхуриет Анити кој бил изграден во 1928 година.

Историја

Името Таксим доаѓа од арапскиот јазик кој во превод значи распределување. На ова место се наоѓала крајната линија на водоводот којшто бил изграден во 1731 година. Во времето на Махмуд I, во текот на 1732 година на ова место била изградена централа која помагала за распоредување на водата кон останатите делови од градските региони, како Казимпаша, Галата, Бејоглу, Финдикли и Бешикташ.

Со текот на времето, Таксим бил постепено прошируван. Како што биле поголемиот број водоводни системи во текот на 19 век, така и Таксим народот се снабдувал со вода од чешмите кои биле поставени во околината. Исклучок биле само палатата Таксим. Кон крајот на 19 век, во Цариград бил изграден модерен водоводен систем, по кое Таксим го изгубил своето значење. Во 1950 година, овој водовод бил затворен официјално.

Сообраќај

Од денешниот плоштад Таксим започнуваат поголем број на улици и булевари, како на пример булевар Истиклал, Терлабаши која води до Фатих, Улица на револуцијата која води до Шишли итн. Во 2000 година, плоштадот бил поврзан со Истанбулското метро, од каде може да се дојде до т.н. „реон на банките“ - Левент.

Таксим како тема во уметноста и во популарната култура „Сонот од Таксим“ (Taksim Dream) - композиција на Оркестарот на Џамбо Агушев.„Проектот на Џамбо Агушев на Би-би-си“, Слободен печат, година V, број 996, понеделник, 20 февруари 2017, стр. 19.

Поврзано Булевар Истиклал Бејоглу

Наводи

Надворешни врски

Слики од плкоштадот Таксим Прославување на Нова година на плоштадот во 2006

Таксим Категорија:Туризам во Истанбул Таксим Таксим Категорија:Бејоглу (Истанбул)