Тасманова Планина () или Хорокоау () — втора највисока планина во Нов Зеланд, со височина од 3497 метри. Таа е дел од Јужните Алпи на Јужниот Остров, 4 километри северно од нејзиниот поголем сосед Куковата Планина (Аораки). За разлика од Куковата, Тасмановата Планина лежи на главната новозеландска разделница, на границата помеѓу националниот парк Аораки/Кукова Планина и националниот парк Вестленд. Планината е највисокото место во округот Вестленд.
Поврзано Список на планини во Нов Зеланд
Категорија:Планини во Нов Зеланд Категорија:Западно Крајбрежје (Нов Зеланд) Категорија:Кантербери (регион) Категорија:Триилјадници